Пребарување

Папата Фрањо во базиликата Света Марија Велика Папата Фрањо во базиликата Света Марија Велика 

Папата ја посети базиликата „Света Марија Велика“ во Рим

На годишнината од посветувањето на базиликата „Света Марија Велика“ во Рим, на 5 август на празникот Богородица Снежна, папата Фрањо се помоли пред иконата „Спасение на римскиот народ“ (Salus Populi Romani)

Годишнината од посветата на Папската базилика е одбележана со повеќе настани, а централен беше благодарната света Литургија во утринските часови, која ја предводеше архипрезвитерот на базиликата кардинал Станислав Рилко. Папата ја посети базиликата во попладневните часови и кратко се помоли пред иконата „Спасение на римскиот народ“. Светиот Отец ова го прави пред и после секое негово патување, а пред иконата се молеше и за крај на пандемијата со коронавирусот.

Празникот Богородица Снежна е споменден за посветата на базиликата „Света Марија Велика“ и се поврзува со преданието од 13. век според кое Богородица во ноќта на 3 август се објавила на папата Ливериј и римскиот благородник Иван и им кажал во нејзина чест да изградат црква на она место каде што ќе падне снег. Папата на римскиот рид Есквилина ја одбележал црквата во снегот, каде што подоцна е изградена базиликата. Најстариот лик на Богородица Снежна се наоѓа на мозаик во таа црква. Црквата е посветена на 5 август 432 година.

06 август 2020, 12:39