Пребарување

Опожарената катедрала во Манагва, Никарагва Опожарената катедрала во Манагва, Никарагва 

Папата искажа близина со верниците во Никарагва

Во пладневниот говор, после молитвата Ангел Господов на 2 август 2020 година, папата Фрањо искажа близна со верниците во Никарагва, кои се погодени од нападот врз катедралата во Манагва. Тој потсети дека на овој ден во сите фрањевски парохии и манастири е можно да се добие порцијанкулско простување и ги повика политичките и економските институции да го помогнат вработувањето.

Папата зборуваше и за празникот Богородица од Ангелите и потсети дека во текот на целиот ден верниците може да добијат порцијанкулски, односно потполн опрост за своите гревови, духовен дар кој свети Фрањо го доби од Бог преку застапништвото на Дева Марија.

Станува збор за потполн опрост, кој може да се добие пристапувајќи на светите Тајни исповед и евхаристија, и посетувајќи една парохиска или фрањевска црква, молејќи го Верувањето, Оче наш и молитва за Папата и неговите накани. Опростот може да биде наменет и за некој од починатите. Многу е важно секогаш во центар да се става Божјото простување, кое „создава рај“ во нас и околу нас. Тоа простување кое доаѓа од Божјото срце, кој пак е милосрден – истакна Папата.

Обраќајќи им се на присутните на плоштадот Свети Петар, но и на сите кои на некој начин го следата пладневниот говор, Папата на сите им посакa да го поминат одморот во знак на природата и духовноста, и истовремено упати апел до институциите да не заборават да ги заштитат работните места. Без работа семејството и општеството не можат да напредуваат. Да молиме за тоа. Затоа што проблемот после пандемијата е и ќе има недостаток на работа, затоа потребно е многу солидарност и креативност како се решил тој проблем – истакна папата Фрањо.

05 август 2020, 08:28