Пребарување

FILES-VATICAN-POPE-AUDIENCE-HEALTH-VIRUS FILES-VATICAN-POPE-AUDIENCE-HEALTH-VIRUS 

Генералните аудиенции на Папата од 2 септември со присуство на верници

Префектурата на Папскиот дом на 26 август објави дека папата Фрањо од 2 септември ќе продолжи со Генералните аудиенции во среда со присуство на верници, пренесе Канцеларијата за печат на Светиот Престол

Папата последната аудиенција со присуство на ходочасници на плоштадот Свети Петар во Ватикан ја одржа на 26 февруари, а од 11 март ги снимаше катехезите во библиотеката на Апостолската палата.

Заради епидемиолошките препораки аудиенциите со присуство на верници од 2 септември ќе се одржуваат во дворот Свети Дамаск во Ватикан со почеток во 9.30 часот. На нив можат да учествуваат сите кои тоа го сакаат и не се потребни влезници. Влезот од Бронзената врата е отворен од 7.30 часот се наведува во соопштението на Префектурата за Папскиот дом.

 

27 август 2020, 08:43