Пребарување

Папата Фрањо Папата Фрањо  

Папата ја поддржа резолуцијата на ООН за општ прекин на огнот

Папата Фрањо по молитвата Ангел Господов ја пофали резолуцијата која Советот за безбедност на ООН ја усвои оваа седмица, а со која се бара прекин на сите конфликти кои се водат во светот, за да им се пружи помош на земјите во кои болеста Ковид-19 уште ја отежнува тешката хуманитарна и здрвстена состојба.

По молитвата Ангел Господов Папата изрази задоволство од барањето за општ прекин на огнот, содржано во резулуцијата која пред неколку дена ја усвои Советот за безбедност на ООН за да се овозможи соочување со разорните последици од пандемијата на болеста Ковид-19, посебно на подрачјата на кои се водат конфликти. Папата изрази надеж дека со прекин на огновите кои го побараа Обединетите нации ќе се овозможи достава на потребната помош во тие земји кои веќе многу страдаат заради војни и сиромаштво и во кои хуманитарната како и здравствената состојба пандемијата значајно ја влоши.

За пофалба е барањето за општ и итен прекин на огнот кој би овозможил мир и сигурност кои пак се неизбежи за достава на толку итно потребната хуманитарна помош. Се надевам дека таа одлука навистина и итно ќе се оствари за доброто на многу луѓе кои страдаат. Нека таа резолуција на Советот за безбедост стане првиот храбар чекор кон иднината на мирот – рече папата Фрањо.

Таа важна одлука Советот за безбедност на Обединетите нации ја одобри на 1 јули за итен прекин на непријателството на сите подрачја на конфликт во текот на најмалку 90 дена со цел сузбивање на ширењето на болеста Ковид-19, и да се загарантира хуманитарна помош на бегалците и населението погодено од конфликтите. Тоа е одговор на апелот кој на 24 март оваа година преку видео го упати главниот секретар Антонио Гутереш, повикувајќи на примирје на сите подрачја измачени од војната и на соочување со пандемијата од коронавирусот.

И Заедницата Свети Егидиј која веднаш го поддржа тоа барање во едно соопштение истакна дека спомнатата резолуција е важен успех за сите кои работат на мирот. Нејзиното едногласно усвојување – стои во соопштението - покажува дека само преку договор и соработка меѓу земјите, човештвото може да се соочи со заедничкиот непријател, со пандемијата. Заедницата Свети Егидиј веднаш се обврзува дека ќе ја поддржува и шири резолуцијата во сите земји во кои и порај тешкиот момент продолжува да се зазема за завршеток на конфликтите и барањето на траен мир – истакнато е во соопштението на Заедницата Свети Егидиј.

05 јули 2020, 18:12