Монс. Николај Дубинин Монс. Николај Дубинин 

Московската надбискупија доби помошен бискуп

На 30 јули 2020 година папата Фрањо го именува рускиот монах Николај Дубинин, фрањевец конветуалец за помошен епископот на католичката надбискупија Мајка Божја од Москва, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Фрањевецот конвентуаалец Дубинин (47) досега ја водеше издавачката куќа на нивната монашка заедница во Санкт Петербург. Роден е во Ростов на Дон, во Јужна Русија. Студирал во Полска и Русија, а за свештеник е ракоположен во 2000 година. Пет години служел како парох, од 2005 до 2013 година бил кустос на својата заедница во Русија, а од 2009 година е претседател на Руската монашка

Католичката надбискупија Мајка Божја од Москва е основана 1991 година како Апостолска администратура за европска Русија и во 2002 година е воздигната во надбискупија. Прв надбискуп бил Белорусинот Тедеуш Кондришевиќ, кој во 2007 година е именуван за надбискуп во Минск, а денес надбискупијата ја води Италијанецот надбискупот Паоло Пеци (59).

31 јули 2020, 17:08