Папата Фрањо за време на празникот на Телото и Крвта Христови во 2018 година Папата Фрањо за време на празникот на Телото и Крвта Христови во 2018 година 

На празникот Пресвето Тело и Крв Христови папата Фрањо ќе служи света Литургија во ватиканската базилика

На празникот на Евхаристијата папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија во базиликата Свети Петар, на кој ќе присуствуваат 50 – тина верници. На крајот ќе ја изложи Пресветата Олтарска Тајна и ќе подели евхаристиски благослов.

Во недела 14 јуни папата Фрањо по повод празникот на Евхаристијата ќе служи света Литургија во ватиканската базилика, на олтарот Катедра на свети Петар. На светата Литургија, која ќе започне во 9.45 часот, ќе присуствуваат 50 – тина верници, а ќе заврши со евхаристиски благослов, како што тоа беше случајот и со светите Литургии од домот „Света Марта“, кои беа директно пренесувани од 9 март до 17 мај, период кога во Италија и други земји не беше возможно да се служи света Литургија со народ.

Минатата година Светата Литургија на празникот Пресвето Тело и Крв Христови, папата Фрањо ја служеше пред црквата „Света Марија Утешителка“ во римската населба Касал Бертоне, а во 2018 година на плоштадот пред парохиската црква „Света Моника“ во Остија. Од 2013 до 2017 година света Литургија за овој празник служеше во базиликата Свети Иван Латерански, по што следуваше процесија со Евхаристијата до базиликата Света Марија Велика.

10 јуни 2020, 12:12