Пребарување

Порака на папата Фрањо за Светскиот мисиски ден Порака на папата Фрањо за Светскиот мисиски ден 

Порака на папата Фрањо за Светскиот мисиски ден: Еве ме мене, испрати ме мене!

Еве ме мене, испрати ме мене! (Исаија 6,8) е насловот на пораката на папата Фрањо за Светскиот ден на мисиите, која е објавена на Духовден, во која се истакнува врската помеѓу Светиот Дух и посланието на Црквата. Во контекст на пандемијата која уште трае, потсети дека човештвото е повикано „заедно да весла“ и дека Бог сака со својата љубов да дојде до сите луѓе.

Насловот е земен од библискиот опис како е повикан пророкот Исаија: На прашањето на Господ: Кого да испратам“, Исаија веднаш одговара: Еве ме мене, испрати ме мене! Тој повик доаѓа од Божјото срце, од неговото милосрдие, кое во сегашната светска криза, ја повикува Црквата и целиот човечки род.

Во пораката за денот посветен на мисиите, кој оваа година се слави на 18 октомври, Папата потсети на незаборавната молитва одржана на 27 март на празниот плоштад Свети Петар. Тогаш зборуваше за општата загубеност на човештвото погодено од болеста КОВИД – 19, за изгубеност слична на онаа која ја доживееја учениците изненадени од неочекуваната силна ура. При тоа ја истакна свеста за тоа дека сите се наоѓаме во ист кораб, слаби но важни и потребни, сите сме повикани заедно да весламе, како што на сите им е потребно взаемно да се утешуваме.

Навистина сме престрашени, дезориентирани и уплашени – напиша папата Фрањо во пораката. Болката и смртта ја покажуваат нашата слабост, но истовремено согледуваме дека сите имаме силна желба за живот и ослободување од злото. Во таа смисла, повикот за послание, повикот да излеземе од себе од љубов кон Бог и ближниот, е можност за солидарност, служење, посредување/ Посланието кое Бог го доверува на секој ни дава од исплашено и затворено ‘јас’ да преминеме повторно на пронајдено ‘јас’, обновено со дарување на себе – истакна папата Фрањо.

Во Распнатиот Исус Бог ја покажува својата љубов кон луѓето и сега од секој од нас бара лична расположливост да бидеме испратени, затоа што Тој е љубов (…) која секогаш излегува од себе за да даде живот. Затоа го испрати Синот, потполно послушен на Отецот, а Синот ни го даде својот Дух, душата на Црквата, испраќајќи нè во светот, кај луѓето. Христос дава Црквата да излегува, а Светиот Дух ги поттикнува христијаните во посланието да се навестува евангелието – истакнува Папата.

Самиот факт дека бесплатно сме примиле живот подразбира и повик да влеземе во динамиката на дарување самите себе; тоа е семе кое кај крстените ќе добие зрел облик како одговор на љубовта во бракот и чистотата за царството Божјо. Човечкиот живот се раѓа од Божјата љубов, расте во љубовта и копнее за љубов. Тоа важи за секој, никој не е исклучен – напомена Папата. Божјото милосрдие се излева врз целата вселена. Христос на крстот го победи гревот и смртта, а Црквата продолжува со Исусовото послание во историјата и нè испраќа насекаде, како Бог преку нас би ја покажал својата љубов, да ги допре и преобрази срцата, умовите, телата, општествата и културите на секое место и секое време.

Меѓутоа, повикот на послание може да се почувствува само ако живееме личен однос со Исус – додаде Папата и сите нè поттикна да се прашаме дали сме подготвени да ја прифатиме присутноста на Светиот Дух во својот живот. Дали сме подготвени да бидеме пратени било каде за да ја сведочиме својата вера; дали сме подготвени како Марија, да ја вршиме волјата Божја во сегашниот момент на Црквата и историјата. Да се разбере што Бог ни зборува во ова време на пандемија е предизвик и за посланието на Црквата. Болест, страдање, страв, изолација, сето тоа од нас бара одговор. Сиромаштво на оној кој умира сам, кој е препуштен на самиот себе, кој ја губи работата и платата, кој нема стан ниту пак храна, сето тоа ни наметува прашања.

Принудени на физичка оддалеченост повикани сме да ја откриеме важноста на општествените односи и заедничкиот однос со Бог – додава Папата. Во такви услови би требало да бидеме повеќе внимателни за потребите на ближниот. Неможноста како Црква да се собереме на славење евхаристија, нè поттикнува да се потсетиме на бројните христијански заедници кои не можат секоја недела да бидат на света Литургија. Во тој контекст прашањето кое Бог го поставува: Кого да испратам?, повторно од нас очекува великодушен и убедлив одговор: Еве ме мене, испрати ме мене!. Бог продолжува да бара кого да испрати во светот и кај луѓето за да сведочи за неговата љубов, неговото спасение од гревот и смртта, неговото ослободување од злото.

На крајот од пораката папата Фрањо додава дека во одбележувањето на Светскиот ден на мисиите, молитвата, размислувањето и материјалната помош се можност за учество во посланието на Црквата. Цел е љубовта искажана со прилозите кои се собираат на литургиската славења во третата недела од октомври, да се помогне мисионерската работа која во мое име ја извршуваат Папските мисионерски дела, како би излегле во пресрет на духовните и материјалните потреби на народите и Црквата во целиот свет, за спасение на сите луѓе – истакнува папата Фрањо на крајот од пораката.

01 јуни 2020, 16:49