Папата ги осуди нередите во САД Папата ги осуди нередите во САД 

Папата за протестите и нередите во САД

На Генералната аудиенција, во Ватикан во среда на 3 јуни за повеќедневните протести во САД, по убиството на Џорџ Флојд папата Фрањо рече дека не може да се преправаме како ја браниме светоста на секој човечки живот, а да ги затвориме очите пред расизмот и исклучивоста.

Молитва за Џорџ Флојд 46 годишниот Афрoамериканец кој умре во Минеаполис на 25 мај за време на неговото апсење и осуда на сите облици на расизам, но и насилствата кои следуваа после тоа во неколку градови во САД. Тие се размислувањата со кои папата Фрањо се обрати на крајот од Генералната аудиенција во поздравот до верниците кои зборуваат англиски јазик поврзани преку медиумите од библиотеката во Апостолската палата, каде и понатаму се одржуваат Генералните аудиенции.

Драги браќа и сестри од Соединетите Американски Држави со голема загриженост ги следам болните социјални немири кои овие денови се случуваат во вашата земја по трагичната смрт на Џорџ Флојд. Драги пријатели, не смееме да толерираме и да ги затвораме очите пред било каков вид на расизам или исклучување, а да се преправаме дека ја браниме светоста на секој човечки живот. Истовремено мора да признаеме дека „насилствата кои се случуваат во последните неколку ноќи се самоуништувачки и им штети на самите луѓе. Со насилството ништо не се постигнува, а многу се губи.“ Денес се придружувам на црквата Свети Павле и Минеаполис, како и на сите Соединети Американски Држави во молитвата за покој на душата на Џорџ Флојд и сите останати кои ги загубија животите заради гревот на расизам. Да молиме за утеха за семејството и тагата на скршените пријатели, како и за национално помирување и мирот за кој чезнееме. Нека Пресвета Богородица Гвадалупска Мајка на Америка биде застапничка на сите кои работат за мирот и правдата во вашата земја и светот, рече Папата.

03 јуни 2020, 16:58