Пребарување

Vatican News
После молитвата Ангел Господов: Да молиме за Блискиот Исток и Западна Украина После молитвата Ангел Господов: Да молиме за Блискиот Исток и Западна Украина  (Vatican Media)

После молитвата Ангел Господов: Да молиме за Блискиот Исток и Западна Украина

После молитвата Ангел Господов на 28 јуни 2020 година папата Фрањо повика на молитва за Сирија, Либан и Јемен, блискоисточни земји погодени од општествена, политичка, економска, здравствена и хуманитарна криза, како и за Западна Украина, која минатите денови е погодена од големи поплави.

Следниот вторник, 30 јуни, ќе се одржи четвртата конференција на Европската унија и Обединетите нации како би се подржала иднината на Сирија и соседните земји – рече папата Фрањо после пладневната молитва и поттикна: Да молиме за оваа важна средба, како би се подобрила ситуацијата на сирискиот народ, како и на соседните народи, посебно на либанскиот, во околности на голема општествена, политичка, економска криза, која дополнително е отежната со пандемијата.

Ве повикувам да се молите за населението на Јемен, посебно за децата кои страдаат поради големата хуманитарна криза – рече Папата и истакна: Исто така молете и за оние кои се погодени од поплавата во Западна Украина, нека ја почувствуваат Господовата утеха и помош од своите браќа.

Ве поздравувам вас римјаните, поклониците од Италија и други земји. Посебно ги поздравувам оние кои утринава во Рим учествуваа на света Литургија на конгоански обред, молејќи за Демократска Република Конго – рече на крајот Светиот Отец.

28 јуни 2020, 10:44