Пребарување

Папата Фрањо за време на посетата кај градоначалникот на Рим (26 март 2019) Папата Фрањо за време на посетата кај градоначалникот на Рим (26 март 2019) 

Папата донира за фондацијата „Исус божествен работник“

Папата Фрањо донира милион евра за новата фондација која ќе им помага на Римјаните погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот

Со фондацијата „Исус божествен работник“ ќе управува римската филијала на Каритас. Покрај тоа што е поглавар на 1,3 милијарди верници, Папата исто така е и римски бискуп, а донацијата ја дава токму во тоа својство.

Во писмото до кардинал Анџело Де Донатис кои управува со Римската бискупија во име на Папата, Светиот Отец рече дека тие средства треба да помогнат на луѓето со финансиски проблеми. Целна група се луѓето со повремена работа и привремени договори, кои не се продолжени, стажистите, малите претриемачи, работници во домаќинствата и самовработените. Во писмото се истакнува дека многумина од нив „мајки и татковци кои мака мачат да обезбедат храна за своите деца. Ги повика јавните институции, свештеници и граѓани да се придружат на оваа хуманитарна иницијатива. Се обраќам до доброто срце на сите Римјани“ – стои во писмото на Папата.

Кардинал Донатис, кој и самиот беше заразен од коронавирусот во месец март, при што помина 10 дена во болница, истакна дека е „посебно благодарен“ на папата Фрањо за оваа иницијатива.

10 јуни 2020, 12:08