Пребарување

(ANSA) (ANSA) 

Папата: Не можеме да се правиме дека сме здрави во свет кој е болен

По повод Светскиот ден на заштита на животната средина кој се слави на 5 јуни, папата Фрањо напиша писмо до Иван Дуке Маркез претседател на Колумбија, земја во која оваа година тој ден требаше да се одбележи на посебен начин, а кој заради пандемијата од коронавирус е прославен на виртуелно ниво.

Не можеме да го занемаруваме уништувањето на екосистемите; заедничкиот дом треба да се гради и штити – истакнува папата Фрањо во писмото до Иван Дуке претседател на Колумбија земја во која оваа година требаше да се одржи главниот настан за одбележувањето на Светскиот ден на заштитата на животната средина кој заради пандемијата од коронавирусот е прославен на виртуелно ниво.

Раните зададени на нашата мајка Земја се рани кои крварат и во нас – истакна Папата. За грижата за екосистемите потребен е поглед во иднината, кој нема да остане само на непосредното делување во барањето на лесна и брза заработка; потребен е поглед полн со живот кој се стреми кон чување со цел благосостојба на сите.

Трите страници писмо упатено до претседателот на Колумбија произлегуваат директно од учителството на Папата на таа тема недолго откако ја најави посебната година посветена енцикликата „Лаудато Си“, објавена пред пет години, но и денес многу актуелна. Заштитата на животната средина и почитувањето на биолошката разноликост на планетата се темите кои се однесуваат на сите нас. Не можеме да се правиме дека сме здрави во свет кој е болен – истакна Папата поттикнувајќи на одговорност. Не можеме да молчиме кога гледаме многу големи трошоци за уништување и искористување на екосистемите – додава тој. Не е момент да продолжиме да ја свртуваме главата, рамнодушни на знаците на планетата која се пљачка и уништува заради алчност и во име на напредокот.

Наше е да ја промениме насоката и да вложуваме во подобар и поздрав свет оставајќи го во наследство на идните генерации. Сè зависи од нас, ако тоа навистина го сакаме – истакна Папата обраќајќи се посебно на учесниците во одбележувањето на Светскиот ден на заштитата на животната средина, собрани заради пандемијата на средба на оддалеченост.

Затоа ги повика да учествуваат во она на што поттикнува енцикликата за да бидат свесни – како што напиша, за грижата и заштитата на нашиот заеднички дом, како и на нашите послаби браќа и сестри отфрлени во општеството. Затоа ве охрабрувам во таа задача која сте ја започнале за вашите одлуки и заклучоци секогаш да бидат во корист на градењето на понаселен свет и похумано општество во кое има место за сите – пишува на крајот папата Фрањо.

06 јуни 2020, 16:37