Пребарување

Во молитвената накана за месец мај 2020 Папата повикува на молитва за ѓаконите Во молитвената накана за месец мај 2020 Папата повикува на молитва за ѓаконите 

Молитвена накана на Папата за мај: Молитва за ѓаконите

Во видео пораката во која ја претставува молитвената накана за овој месец, папата Фрањо ги поттикна верниците на молитва за ѓаконите, со нивното верното служење на Словото Божјо и на сиромашните да бидат животворен знак за целата Црква.

Ѓаконите не се свештеници од втор ред. Тие му припаѓаат на клерот и го живеат своето звање во семејството и со семејството – истакна папата Фрањо во видео пораката во која ја претставува молитвената накана за месец мај. Желбата на Светиот Отец е верниците во овој месец да се молат за ѓаконите, ракоположени мажи кои како мажи и татковци, на посебен начин учествуваат во Христовото послание и во благодатите (Катехизам на Католичката Црква бр. 1570).

Во видео пораката Папата исто така истакнува дека ѓаконите се посветени на служењето на сиромашните кои на себе го носат лицето на Христос кој страда и ги карактеризира како оние кои се грижат за служењето во Црквата. Да се молиме за ѓаконите, со верното служење на Словото Божјо и на сиромашните да бидат животворен знак за целата црква – заврши Светиот Отец. (…)

Молитвена накана за мај 2020

Напоменуваме на крајот дека „видеото на Папата“ е службена глобална иницијатива која ја промовира месечната молитвена накана на Светиот Отец. Ја развива Папската светска молитвена мрежа, порано позната под името „Апостолат за молитвата“. Мисијата на тоа Папско дело, основано во 1844 година и присутно во 98 земји е да поттикнува на молитва и да одговори на предизвиците со кои се соочува човештвото и Црквата. Тие предизици се изразени во облик на молитвени накани кои Светиот Отец ги доверува на целата Црква.

11 мај 2020, 12:31