Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо на Велики Петок Папата Фрањо на Велики Петок 

Објавена книга со мисли на папата Фрањо за живот после пандемија

Ватиканската издавачка куќа (LEV) ја објави книгата „Живот после пандемијата“ со осум текста од папата Фрањо, односно неговите говори и пораки во периодот од 27 март до 22 април, во кои се осврнува на актуелната вонредна состојба и на времето кое доаѓа после неа.

На почетокот книгата го донесува во целост говорот на папата Фрањо одржан по повод посебниот благослов „На Градот и светот“ на 27 март 2020 година на празниот плоштад Свети Петар.

Кардинал Михаел Черни, потсекретар во Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој, во предговорот истакнува дека сите текстови го повикуваат човештвото на ослушнување, при тоа не занемарувајќи никого. Тој додава уште дека Папата зборува многу лично, срдечно и на доверлив начин, полн со надеж. Зборува за потребите и страдањата на луѓето во нивните различни локални ситуации.

„Навистина тоа се универзални пораки, не само затоа што вирусот се заканува на сите, туку пред сè затоа што светот после коронавирусот мора сите да го реализираат“ – истакна кардинал Черни и напомена дека текстовите во книгата се одбележани со топол и вклучив пристап. Светиот Отец сите ги поврзува во заедништво на хуманост и дух и повикува да се охрабриме да правиме добро. „Обраќајќи се директно на секо., а не одозгора или на апстрактен начин, папата Фрањо со татковска посветеност и сочувство подава рака со цел страдањето и жртвите на многуте луѓе да ги направи да бидат и негови“ – додава кардиналот.

Освен тоа, Папата во текстовите се обраќа на водачи на држави и влади, охрабрувајќи ги да работат за општо добро. Исто така искажува благодарност и приврзаност кон оние кои во време на пандемија ги обезбедуваат основните услуги, но ги слуша и гледа многуте ‘невидливи’ луѓе, односно оние кои се далеку од погледот на јавноста. Тоа посебно доаѓа до израз во писмото до народните движења од 12 април и во пораката од 21 април упатена до луѓето кои продаваат улични весници, а чии продавачи најмногу се бездомници.

22 мај 2020, 10:43