Пребарување

Vatican News
Папата за време на Генералната аудиенција во среда 20 мај 2020 Папата за време на Генералната аудиенција во среда 20 мај 2020  (Vatican Media)

Генерална аудиенција: Молитвата ја отвора вратата на надежта

На третата Генерална аудиенција посветена на молитвата папата Фрањо истакна дека таинството на создаденото во нас треба да поттикне благодарност, едноставно затоа што постоиме. Мажите и жените кои молат веруваат дека љубовта е посилна од смртта и дека сигурно еден ден ќе победат – рече папата Фрањо. Ова е десетта по ред Генерална аудиенција која папата Фрањо ја одржува од библиотеката во Апостолската палата без присуство на верници, поради кризата со пандемијата.

Молитвата е главна сила на надежта, и ја отвора вратата – рече Папата во катехезата на Генералната аудиенција одржана на 20 мај 2020 година. Светиот Отец ја продолжи серијата катехези за молитвата, посебно размислувајќи за таинството на создаденото. Животот, едноставно фактот дека постоиме, го отвора човечкото срце за молитва – рече Папата.

Првата страница од Библијата, имено изгледа како голема химна на благодарност која зборува за создавањето и во која постојано се истакнува добротата и убавината на секоја работа која постои. Бог со своето Слово создава живот; со своето Слово ја одделува светлината од темнината, ги разменува денот и ноќта, годишните времиња, отвора палета бои со разновидни билки и животни. Последен се појавува човекот, а неговото појавување предизвикува голема радост: „И виде Бог дека е многу добро сѐ она што го беше создал“ (1 Мојсеева 1,31). Беше добро, но и убаво, се гледа убавината на сето создание – истакна Папата потсетувајќи на Катехизмот на Католичката Црква објасни дека убавината и таинството на создаденото во човечкото срце го создаваат првиот повик кој поттикнува на молитва (Катехизам на Католичката Црква, 2566)

Во Псалмот кој го слушнавме на почетокот, псалмистот се прашува: Што е тоа човек, та се сеќаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш? (Псалм 8,4-5). Размислува за таинството на постоењето околу себе, го гледа ѕвезденото небо надвиснато над него, а кое денес астрофизиката ни го покажува во својата бескрајност и се прашува каков ли силен нацрт на љубов мора да стои зад толку големо дело. Што е човекот во таа пространост? Скоро ништо, вели 89 Псалм Тоа е битие, кое се раѓа, умира, е многу кревко создание.

Сепак во целата вселена човечкото битие е единственото создание кое е свесно на изобилната убавина. Мало битие кое се раѓа. Умира, денес е тука, утре го нема – единствено е свесно. Тоа сме ние, свесни на таа убавина – истакна папата Фрањо и додаде дека човечката молитва е тесно поврзана со чувството на восхитување. Големината на човекот, имено е бескрајно помала во однос на димензијата на вселената. Неговите најголеми достигнувања изгледаат безначајни. Но човекот не е безвреден.

Ништо не постои случајно, а ние како што се вели во псламот, сме создадени малку помали од Бога, со слава и чест сме венчани (сп. Псалм 8,6). Големината на човекот е во неговиот однос со Бог – објасни Папата. По природа скоро сме безначајни, денес сме, утре нè нема, но по позив сме деца на големиот Цар! Многумина од нас го имаат тоа искуство – додаде Папата. Ако животот, со сите свои жалости, понекогаш може во нас да го загуши дарот на молитва, доволно е да се посматра ѕвезденото небо, заоѓањето на сонцето, цветот… за да се запали повторно искрата на благодарност.

Кога е пишувана големиот библиски расказ за создавањето, за израелскиот народ не биле среќни денови – рече Папата. Земјата ја окупирале непријатели, многумина биле депортирани и биле робови во Месопотамија. Повеќе немале татковина, ниту храм, ниту пак општествен и верски живот. Сепак поаѓајќи од големиот расказ за создавањето, некој започнал да пронаоѓа причини за благодарност, започнал да го фали Бог заради животот.

Молитвата е главната сила на надежта – истакна папата Фрањо. Ти се молиш, а надежта расте, оди напред. Би кажал дека молитвата ја отвора вратата на надежта. Надежта постои, но со својата молитва ја отворам вратата. Луѓето од молитва во себе чуваат основни вистини, тие се оние кои се повторуваат, пред сè на себе, а потоа и на сите останати, дека овој живот, и покрај сите негови напори и искушенија, и покрај тешките денови во него, е полн со милост на кој треба да се восхитуваме. Затоа е потребно секогаш да се чува и заштитува.

Мажот и жената кои молат знаат дека надежта е посилна од обесхрабрувањата. Веруваат дека љубовта е посилна од смртта и дека сигурно еден ден ќе победат, иако времето и на начините на кои тоа ќе се случи не ги познаваме. Мажите и жените на молитва на лицата имаат отсјај на светло, затоа што и во најтажните денови сонцето не престанува да ги осветлува. Молитвата те осветлува, ја осветлува твојата душа. Твоето срце и лице. Исто така и во најмрачните, најболните времиња.

Сите ние сме носители на радоста – истакна Папата и праша: Дали некогаш сте мислеле на тоа, дека сте носители  на радоста? Или повеќе сакате да донесувате грди вести, такви кои жалостат? Сите ние сме способни да носиме радост. Овој живот е дар кој Бог ни го даде, и прекраток е за да го трошиме за жалост, во тага. Да го фалиме Бог, едноставно затоа што постоиме. Да ја погледнеме вселената, да ја погледнеме убавината, но и своите крстови, и да кажеме: Но ти постоиш, нè создаде такви, за себе. И да го почувствуваме оној немир во срцата кој нè поттикнува да му заблагодарам на Бог и да го славам.

Деца сме на големиот Цар, Создател, способни да го читаме неговиот потпис на целото создание – рече папата Фрањо и додаде: Создаденото кое денес не го чуваме, но во сето тоа постои Божјиот потпис, кој те создаде од љубов. Господ нека ни даде да можеме што подобро да сфатиме и да нè поттикне да кажеме ‘благодарам’. Тоа ‘благодарам’ е убава молитва – истакна на крајот папата Фрањо.

21 мај 2020, 10:21