Пребарување

Папата за време на молитвата Царице небесна на 24 мај 2020 Папата за време на молитвата Царице небесна на 24 мај 2020 

Царице небесна: Пораката за спасение подразбира должност за сведочење

Денес во Италија и во некои други земи се слави празникот Вознесение Господово – рече папата Фрањо во недела 24 мај пред молитвата Царице небесна, која ја молеше од библиотеката во Апостолската палата.

Евангелието од денешната Литургија ни ги прикажува апостолите кои се собрани во Галилеја, “на гората“ каде што Исус им нареди – рече папата Фрањо и истакна: Таму се случила последната средба на Воскреснатиот Господ со своите. Зборот “гора“ има многу симболичко значење. Исус на гората ги прогласи блаженствата, во гората се повлекувал за да моли, таму прима мноштво луѓе и ги лекувал болните. Но овој пат, на гората не е повеќе Учител кој делува и поучува, туку Оној кој бара од учениците да делуваат и навестуваат, доверувајќи им послание со кое ќе го продолжат неговото дело.

Ги воведува во посланието меѓу сите луѓе – рече Светиот Отец и цитира: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал“. Содржината на навестувањето кое им го довери на апостолите е следно: да навестуваат, да крштаваат, да поучуваат на патот кој го покажа Учителот, односно Евангелието. Таа порака на спасение пред сè подразбира должност да се сведочи, на која и ние, денешните ученици, сме повикани како би приложиле сметка за нашата вера. Соочени со една таква одговорна задача и мислејќи на своите слабости, се чувствуваме несоодветни, како што се чувствувале и самите апостоли. Но не смееме да се обесхрабриме, мораме да се сеќаваме на Исусовите зборови кои ги упати пред да се вознесе на небото: „Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“

Тоа ветување гарантира постојана и утешна присутност на Христос меѓу нас – рече папата Фрањо и напомена: Таа надеж се остварува преку неговиот Свет Дух кој ја води Црквата, и како сопатничка на секој човек, оди во животот. Тој Свет Дух, кој што го испратија Христос и Отецот, дава простување на гревовите и ги посветува сите оние, кои покајувајќи се, со доверба се отвораат на неговиот дар. Ветувајќи ни дека ќе остане со нас до крајот на времињата, Исус започнува да биде присутен како Воскреснат. Се работи за присутност која се објавува во Словото, во Светите Тајни, во непрестајното и внатрешно делување на Светиот Дух. Празникот вознесение ни вели дека Исус, и покај тоа што се вознесе на небо како би престојувал оддесно во слава кај својот Отец, и понатаму е меѓу нас. Од таму произлегува нашата сила, истрајност и радост.

Нека Дева Марија, со својата мајчинска заштита нè следи на нашиот пат. Од неа учиме како да се биде нежен и храбар за да би биле сведоци како воскреснатиот Господ – рече на крајот папата Фрањо.

26 мај 2020, 10:46