Пребарување

Папата за време на Генералната аудиенција од Апостолската библиотека Папата за време на Генералната аудиенција од Апостолската библиотека 

После Генералната аудиенција: Во искушението да се довериме на Христос

Во поздравите на крајот на Генералната аудиенција Папата потсети дека Исус е верен пријател кој секогаш нè прати и никогаш не нè разочарува, и дека во Неговиот крст пронаоѓаме поддршка и утеха во невојлите од животот. Исто така, во пресрет на 15. годишнината од смртта на свети Иван Павле II ги повика верниците да се доверат на неговото застапништво.

Исус е верен пријател кој го исполнува нашиот живот со среќа, исто така и во тешките моменти; Тој нас нè прати и никогаш не нè разочарува. Во Него и со Него не сме сами, а во Неговиот Крст нашето срце пронаоѓа поддршка и утеха во неволјите од животот - со тие зборови папата Фрањо на крајот на Генералната аудиенција, на повеќе јазици ги поздрави верниците кои преку средствата за комуникација беа поврзани со библиотеката на Апостолската палата.

Обраќајки се на полските верници Папата истакна дека човекот денес гледа знаци на смрт кои сè повеќе се присутни, и сè повеќе живее во страв поради опасноста која се заканува на самото јадро на неговиот живот. Во овие тешки денови нека вашите мисли одат кон Христос; знајте дека не сте сами. Тој вас ве прати и никогаш не разочарува - рече Папата и додаде: Доверете се во Неговото Божествено милосрдие и во застапништвото на светиот Иван Павле II., во пресрет на 15 годишнината од неговата смрт, која се одбележува на 2 април.

Гледајќи кон Великата седмица, која е близу, Папата ги повика португалските верници да го погледнат крстот кој Исус го зема на себе и ги поднесе сите трагедии на човечкиот род. Според зборовите на Светиот Отец, не можеме да ги заборавиме трагедиите од нашето време, бидејќи Господовата мака продолжува во човекото страдање. Но, Папата посака - како што рече - вашите срца во Христовиот крст да пронајдат поддршка и утеха во неволјите од животот, прегрнувајќи го крстот како Него; во доверба и препуштајќи се на Божјата волја ќе бидете дел од воскресната слава.

02 април 2020, 10:25