Распоред на богослужбите за време на Страстната седмица во Ватикан
Светиот Отец ќе ги слави обредите во Великата седмица на Олтарот Катедра (Altare della Cattedra) во базиликата Свети Петар според следниот распоред и без присуство на народ.
На Велики Четврток, 9 април ќе служи света Миса Вечера Господова во 18.00 часот. На Велики Петок, 10 април во 18.00 часот Папата ќе ги предводи Обредите на маката Господова.
Крстниот пат ќе се одржи во 21.00 часот во тремот на базиликата Свети Петар наместо на Колосеумот каде секоја година се собираат повеќе од илјада ходочасници од целиот свет.
На Велика сабота, 11 април пасхалното бдение во светата ноќ ќе започне во 21.00 часот.
Во Недела Воскресение Господово, папата Фрањо во 11.00 часот ќе служи света Литургија на празникот. На крајот од светата Литургија ќе го подели благословот Градот и светот (Urbi et orbi).