Папата повика на заедничка Света Бројаница во мај против коронавирусот
Во пораката се истакнува дека токму во овој период на разни ограничувања за движење важно е повторно да се открие силата на домашната, семејната молитва, а поврзаноста на „духовното семејство“ може да помогне да се надмине искушението. Месец мај, покрај октовмри се месеци кои посебно се посветени на Девица Марија и традиционално на многу места во светот се моли света Бројаница.
Католичката Црква се обраќа на Богородица во оваа драматична ситуација полна со болка и страв кој го преплавува светот, се истакнува во пропратниот текст на пораката. Папата моли и за утеха на оние кои тагуваат, чии ближни се закопани на начин кој ја ранува душата. Понатаму ги спомнува и оние кои се загрижени за неизвесната иднина и последиците за економијата. За политичарите моли да бидат ‘далекувиди’ и со ‘солидарен дух’ во социјалните и економските програми. Папата предупредува дека огромни суми пари кои се вложуваат во сè повеќе количини на пософистицирано оружје би требало да се вложат во научни истражувања.
Светиот Отец повикува и на молитва за научниците кои бараат средство против вирусот и потсетува на лекарите, медицинските лица и волонтерите кои го ризикуваат сопственииот живот за да би се спасиле други.