Крстен пат со Папата на Колосеумот Крстен пат со Папата на Колосеумот 

Префектурата на Папскиот дом: Пасхалната тродневница во Ватикан ќе биде без ходочасници

Обредите во Страстната седмица во Ватикан ќе се одржат без присуство на верници, кои по обичај учествуваа на нив, но ќе може да се следат во живо преку Ватикан њуз и останатите телевизиски канали кои емитуваат низ целиот свет. До 12 април и за Генералните аудиенции и молитвата Ангел Господов се однесуваат истите постапки. Се продолжува со секојдневните преноси во живо од светата Литургија од Света Марта

Префектурата на Папскиот дом на својата интернет страница соопшти дека „поради моменталните посебни здравствени услови во светот сите литургиски славења во Страстната седмица ќе се одржуваат без присуство на бројните верници и ходочасници кои традиционално учествува на обредите и ќе може да се следат преку директните преноси од Ватикан њуз и други телевизиски канали.

Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 1 март со оглед на ситуацијата со коронавирусот, соопшти дека Светиот Отец одлучи светите Литургии од домот Света Марта секој ден во 7.00 часот наутро да продолжат да се емитуваат во живо и следната седмица.

„Како би се придружувале на правилаа кои налагат забрана за собири со цел спречување ширење на вирусот COVID-19 молитвата Ангел Господв оваа недела и Генералната аудиенција во среда 18 март ќе се пренесува во живо ж на телевизија, исто така и на интернет страницата Ватикан њуз, а преносот Ватиканските медиуми ќе ги дистрибуираат до медимуите кои ќе побараат, како би се допрело до повеќе верниците од целиот свет“.

15 март 2020, 22:30