Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо после молитвата Ангел Господов од прозорецот на Апостолската палата Папата Фрањо после молитвата Ангел Господов од прозорецот на Апостолската палата  (ANSA)

Папата после молитвата Ангел Господов: да ја откриеме вредноста на заедништвото

Папата Фрањо после молитвата Ангел Господоv повика на заедништво на сите членови на Црквата и заблагодари на сите кои се грижат за болните од корона вирусот и помагаат на најсироамшните и бездомниците

Овие денови плоштадот Свети Петар е затворен, затоа директно се обраќам на вас, кој сте поврзани по пат не медиумите – рече папата Фрањо после пладневната молитва Ангел Господов на 15 март 2020 година и истакна: Во оваа пандемија во која малку или повеќе се наоѓаме изолирани, повикани сме повторно да ја откриеме и да ја продлабочиме вредноста на заедништвото, кое ги обединува сите членови на Црквата. Обединети во Христос никогаш не сме сами, туку обликуваме едно тело, на која Тој е главата. Тоа единство се негува со молитва и духовно заедништво во евхаристијата, односно праксата која се препорачува, кога не е можно да се прими Пресветата Тајна. Тоа го велам на сите, посебно на луѓето кои живеат сами.

Повторно ја искажувам својата близина со сите болни и оние кои се грижат за нив, како и за здравствените работници и волонтери, кои им помагаат на оние кои не можат да излезат од дома, како и на сите кои им помагаат на најсиромашните и бездомниците. Ви благодарам за сите напори кои ги правите како би помогнале во ова тешко време. Господ нека ве благослови и Марија нека ве заштити – рече на крајот Папата.

15 март 2020, 22:41