Пребарување

Папата Фрањо во домот Света Марта Папата Фрањо во домот Света Марта 

Папата Фрањо молеше за луѓето кои починаа од корона вирусот

За време на светата Литургија во домот Света Марта во средата 18 март 2020 година папата Фрањо упати посебна молитва за здравствените работници кои починаа помагајќи им на заболените од коронавирусот.

„Да молиме денес за покојните, за оние кои поради вирусот го загубија животот; на посебен начин сакам да молиме за здравствените работници кои починаа овие денови. Животот го дадоа во служба на болните“ – рече Папата во молитвата на светата Литургија во домот Света Марта.

19 март 2020, 09:59