Пребарување

Отворање на светите врати во Сан Хозе, Костарика Отворање на светите врати во Сан Хозе, Костарика 

Папата упати порака по повод отворањето на јубилејната година во Костарика

За отворањето на јубилејната година во Костарика, а по повод 100 годишнината на Костариканската црковна покраина, на тамошните верници Папата им испрати порака во која поттикува на неуморна евангелизација

Папа Фрањо духовно се придружи на отворањето на јубилејната година во Костарика, со порака која ја потпиша неговиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, а во која ги поздравува бискупите, свештениците, монасите и верниците лаици кои минатата недела, на 16 февруари, учествуваа на отворањето на 100 годишнината од основањето на Костариканската црковна покраина. Во таа пригода, Светиот Отец духовно се придружи, му заблагодари на Господ за сите плодови кои ги добиле во текот на овие 100 години, во Неговото послание да ги следи, просветлува и охрабрува сите синови и ќерки на таа земја.

Неговата Светост ве поттикнува на денот кога ќе почнете да ја одбележувате јубилејната година која е многу важен настан – напиша Папата во пораката – имајте ја на ум милосрдната љубов на нашиот Господ Исус Христос од кој произлегува секоја вистина, добрина и убавина, за продолжат верниците лаици и богопосветените лица неуморно своето евангелизациско делување, носејќи им ја на сите радостта на Евангелието, особено на оние најпотребните и најоддалечените, и за да дадат вистинско сведоштво за христијански живот на различни општествени подрачја.

Папа Фрањо пораката ја заврши повикувајќи ја мајчината заштита на Нашата Богородица од ангелите која е заштитничка на Костарика, и со љубов на сите учесници на ова свечено славење им додели апостолски благослов.

Со јубилејната година која од 16 февруари 2020 до 16 февруари 2021 година ја одобри Апостолската покорничарница на Светиот Престол се обележува канонското основање  на Костариканската црковна покраина од папата Бенедикт XV со булата „Predecessorum“ од 1921 година со која бискупијата Сан Хозе ја воздигна на седиште на митрополија и ги основа бискупиите Лимон и Алахуела. Катедралите на овие три бискупии ќе бидат места каде поклонениците и верниците ќе можат да добијат духовни милости и потполн опрост.

Бискупската комисија, која е основана за прославата на јубилејот, го организира славењето низ три важни настани. Првиот беше прославен на 13 февруари со свечена света Литуругија во катедралата во Ел Лимон. Лимонската бискупија историски е позната како место каде што се служела првата света Литургија во 1502 година кога четвртата експедиција на Кристофер Колумбо зачекорила на таа костариканска земја.

Другите два важни настани ќе се одржат: на 19 јули, со национална средба во надбискупијата Сан Хозе, а во февруари 2021 година прославата на 100 годишнината ќе заврши со Национален евхаристиски конгрес во бискупијата Алахуела. Минатата недела, на 16 февруари, отворени се светите врати на трите катедрали кои ќе бидат седишта на овие национално црковни свечености.

19 февруари 2020, 13:29