Пребарување

Светски ден на богопосветените лица Светски ден на богопосветените лица 

Папата: Погледот на Богопосветените лица може да биде само поглед кон надежта

Гледањето на Божјиот дар во сопствената историја, обновувајќи го својот поглед во светло на милоста и не предавање на световноста е повикот кој папата Фрањо на 02 февруари го упати на Богопосветените лица на светата Литургија во базиликата Свети Петар во пресрет на Светскиот ден на посветениот живот.

Од целиот имот на овој свет – рече папата Фрањо, обраќајќи им се на Бога посветените лица, за време на проповедта на литугиското славење во базиликата свети Петар, во пресрет на празникот Сретение Господово, односно XXIV. Светски ден на посветениот живот. Зошто го направивте тоа – праша Светиот Отец и додаде: Затоа што сте вљубени во Исус; во Него видовте сè, и освоени од Неговиот поглед напуштивте сè .

Препознајте го дарот на Бога во сопствената историја

Не заслуживме посветен живот, тоа е дар на љубовта која ја примивме – истакна папата Фрањо, и како почетна точка ја истакна препознавањето на милоста, односно препознавањето на верниот Божји дар во сопствената историја, и тоа не само во убавите моменти туку и во кршливост, слабост и беда. Искушувачот, ѓаволот, само инсистира на нашата беда, на нашите празни раце: ,,Во текот на толку години не си се поправил, не си го остварил она што си можел, не ти дозволија да го направиш онаа поради кое си дојден, не беше верен, не си способен…..” Сите ја знаеме таа приказна, тие зборови. Гледаме дека во тоа има вистина и се навраќаме на мислите и патеките кои не дезориентирааат и ризикуваме да го изгубиме компасот, односно благодарноста кон  Бога – рече Светиот Отец.

Дарувај ми ги своите гревови

Бог секогаш нè сака и ни дава сè, дури и во нашата беда – рече папата Фрањо, цитирајќи го примерот на свети Јероним од кој Господ побара да му ги дарува своите гревови. Потоа, тој напомена дека кога цврсто гледаме во Исус, се отвораме за простувањето што нè обновува и ние сме зајакнати од Неговата верност. Можеме да се запрашаме денес: „Кому да го свртам погледот, кон Господ или кон себе?“ – рече Папата, посочувајќи: Кој знае пред сè да ја препознае благодатта Божја, ќе го открие лекот за недоверба и световност.

Погледот кон световноста го губи видор од Божјата милост

Светиот Отец потоа објасни дека во случај на световноста, милоста Божја повеќе не се препознава како протагонист на животот, туку се оди во потрага по сурогат, како што е успехот или емотивната утеха, за на крај да стори сé што е според неговата волја. Посветениот живот кој не е во центарот на Божјата милост се враќа на себе, губи импулс и стагнира – рече Папата, додавајќи дека потоа се бара својот простор и се бараат сопствените права, занесени од влијанието на озборувањата и злобата, се лути на секое мало нешто што оди наопаку и се жали на браќата, сестрите, заедницата, Црквата и општеството.

Убавината на монашките завети

Ако остане стабилна во љубовта кон Господа, посветената личност гледа убавина. Сфаќа дека сиромаштијата не е обид за титаник, туку возвишена слобода што ни ја дава Бог и другите како вистинско богатство – нагласи Светиот Отец и додаде дека тогаш тој сфаќа дека чистотата не е строга неплодност, туку пат кон љубов без поседување, а таа послушност не е дисциплина, туку победа, на Исуовиот начин, над нашата неможност.

Да служиме според моделот на Исус, почнувајќи од оние што се најблиску до нас

Оние што гледаат во Исус учат како да живеат за да служат. Тој не чека другите да започнат, туку започнува да го бара својот сосед, како Симеон, кој го бараше Исус во храмот. Каде е ближниот во посветениот живот – праша Папата, истакнувајќи: Прво и најзначајно во својата заедница, треба да се молиме за благодатта да ја знаеме во браќата и сестрите што им е дадена да го бараат Исус. Ова е местото каде што љубовта започнува да се активира, каде што живеете, прифаќајќи ги своите браќа и сестри со своите недостатоци, како Симон да го прими Исус, едноставен и сиромашен.

Во светот да се донесе ставот на Исус за сочувство

Монасите и монахињите, мажи и жени кои живеат за да го следат Исус, се повикани во светот да го внесат Неговиот поглед, поглед на сочувство кое трага по оние што се далеку; кој не осудува, но охрабрува, ослободува и утешува – нагласи Светиот Отец, истакнувајќи, меѓу другото, дека погледот на посветените може да биде само поглед на надежта. Гледајќи наоколу, лесно е да се изгуби надежта; работите не се одвиваат добро, бројот на духовни повици опаѓа … Искушението на световноста што ја уништува надежта продолжува да се заканува. Но, да погледнеме во Евангелието и да ги погледнеме Симеон и Ана. Тие беа сами и стари, но сепак не изгубија надеж затоа што беа во контакт со Господ“, рече Папата

Да останеме со Господ и да Му се поклонуваме

Еве една тајна: Не оди подалеку од Господ, кој е извор на надеж. Стануваме слепи ако не гледаме кон Господ секој ден, ако не Му се поклонуваме – рече Папата, и поттикна да му се заблагодариме на Бога за дарот на посветениот живот и да се молиме за нов поглед, за да можеме да препознаеме благодат, да го бараме својот ближен и да негуваме надеж. Тогаш и нашите очи ќе го видат спасението – реча на крајот папата Фрањо

Поздрав на кардиналот Браз Де Авиз

На крајот од светата Литургија кардиналот Браз де Авиз, префект а Конгрегацијата за институтите за посветен живот и општества со апостлски, му се заблагодари на Папата за прославата на Светски ден на лицата со посветен живот. Потсетувајќи се на многумина кои го проповедаат Евангелието во далечни земји, кардиналот не го криеше значителното намалување на бројот на посветените лица во некои делови на светот, поради староста и недостаток на духовни звања, но и затоа што многумина ги напуштаат своите завети.

Тој, исто така, потсети на претпазливост во врска со поседувањето и управувањето со материјални добра во знак на сведоштво на Евангелието. Потоа, тој истакна различни иницијативи превземени во овој поглед, потенцирајќи дека Богопосветените лица денес треба да бидат пообразовани во економските науки и во исто време да се вратат на евангелското сведоштво во поседување и употреба на добра за да се управува со нив како имот на Црквата.

04 февруари 2020, 23:23