Пребарување

Vatican News
лого за посетата на папата Фрањо на Малта лого за посетата на папата Фрањо на Малта 

На 31 мај Папата ќе ја посети Малта

Kанцеларијата за печат при Светиот Престол на 10 февруари 2020 година објави вест за Апостолско патување на папата Фрањо во срцето на Медитеранот, во Малта. Логото за посетата на Папата искажува порака за прифаќање.

Прифаќајќи ја поканата од Претседателот на Република Малта, властите и Католичката црква во таа земја, папата Фрањо ќе замине на Апостолско патување во Малта и Гозо на 31 мај оваа година. Програмата за патувањето ќе биде објавена дополнително – стои во соопштението.

На логото за посетата на Папата се прикажани две раце кои излегуваат од кораб во морето, подигнати кон крстот. Рацете претставуват знак за прифаќање на ближниот и помош на оние кои се во проблеми, препуштени на судбината. Коработ потсетува на драматичниот настан за бродоломот на апостол Павле крај островот Малта (сп. Дела 27,27-44) и гостопримството на Малтежаните кои го дадоа на апостолот и придружниците (сп. Дела 28,1-10), настан за кој неодамна зборуваше и папата Фрањо за време на една од Генералните аудиенции во среда. Мото на Апостолската посета гласи: Ни укажаа необична човекољубивост (Дела 28,2).

Пред папата Фрањо Малта ја посети свети Иван Павле II од 25-27 мај 1990 година и папата Бенедикт XVI на 17 и 18 април 2010 година.

11 февруари 2020, 16:20