Пребарување

Vatican News
VATICAN-RELIGION-ARGENTINA-POPE-ABUSE Надбискупот Мирослав Адамчик е апостолски нунциј во Аргентина 

Папата именува апостолски нунциј во Аргентина

На 22 февруари 2020 година, папата Фрањо го именува за апостолски нунциј во Аргентина монс. Мирослав Адамчuк, титуларен надбискуп на Отриколи и досегашен апостолски нунциј во Панама

Мирослав Адамчик е роден на 16 јули 1962 година во Гдањск. За свештеник на надбискупијата Гдањск е ракоположен на 16 мај 1987 година. Студирал канонско право, а во дипломатската служба на Светиот Престол влегува на 1 јули 1993 година. На служба бил во Мадагскар, Индија, Унгарија, Белгија, Јужна Африка и Венецуела.

Папата Бендикт XVI го именува на 22 февруари 2013 година за апостолски нунциј во Либерија и титуларен надбискуп на Отриколи. Епископско посветување прима на 27 април. Папата Фрањо на 8 јуни 2013 година го именува и за апостолски нунциј во Гамбија и на 21 септември 2013 година нунциј и во Сиера Леоне. За апостолски нунциј во Панама е именуван на 12 август 2017 година.

24 февруари 2020, 11:43