Пребарување

Папата со делегацијата православни свештеници и монаси Папата со делегацијата православни свештеници и монаси 

Папата до православни свештеници и монаси: Чувствувајте се како меѓу браќата

На 21 февруари 2020 година, папата Фрањо прими во аудиенција млади свештеници и монаси од Источните православни цркви и истакна: Вашата посета е можност да го профатиме дарот на Светиот Дух Кој е во вас

Средбата на христијаните од различните Цркви која е оживеана од Господовата љубов сјае во благодатта на размената на даровите; како Марија и Елисавета, Црквата носи во себе различни дарови на Светиот Дух кој треба да ги поделиме за взаемна радост и добро – рече папата Фрањо, укажувајќи на убавината на тоа меѓусебно делење кога ги прими во аудиенција групата свештеници и монаси, членови на „всеправославната“ делегација.

Можеме да го прифатиме она што Светиот Дух, како дар за нас го посеал во другиот – рече Светиот Отец и објасни, во таа смисла, вашата посета не е само можност за продолабочување на вашето знаење за Католичката Црква, туку и за нас католиците можност да ги прифатиме даровите на Светиот Дух кои се во вас. Вашето присуство ни ја овозможува таа размена на дарови и причината за радост. (...)

Сè појдува од таму, од гледањето на благодатите, од препознавањето на бесплатното Божјо дело, од верувањето дека Он е протагонист на доброто кое е во нас. Тука е убавината на христијанскиот поглед на животот. И тоа исто така е перспектива, како што поучува апостол Павле во која братот треба да се прифати.

Папата Фрањо се заблагодари и за сведоштвата кои ги дале источните Православни цркви кои со крв ја запечатија верата во Христос и кои и понатаму се семе на верата и надежта, па и во краиштата кои за жал често се обележани со насилство и војна. На крајот ги повика свештениците и монасите од Источните православни Цркви да не се чувствуваат како гости, туку како браќа меѓу браќата.

Господ е задоволен заради оваа братска љубов меѓу нас. Нека ова ваша посета и оние кои со Божја помош ќе ја следат даде чест и слава на Господ! Нека вашето присуство стане мало плодно семе, за меѓу вас да никне видливо заедништво, целосно единство кое Исус ревно го сака – заврши Светиот Отец. Средбата заврши со молитвата Оче наш, која секој ја молеше на својот јазик.

Младите православни свештеници и монаси кои Светиот Отец ги прими доаѓаат од различни Источни православни цркви: од Коптската православна црква, Ерменската апостолска црква, Антиохиско сиро-православната црква, Етиописката православна Црква и Сиро-маланкарската православна Црква. Во Рим се дојдени од Египет, Ерменија, Либан, Сирија, Индија и Етиопија. Одговарајќи на повикот на Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните тие млади монаси и свештеници се испратени од нивните патријарси да учествуваат во студиската посета за продлабочување на познавањето на Католичката Црква. (...)

22 февруари 2020, 13:45