Порака папата Фрањо за Великиот пост 2020 Порака папата Фрањо за Великиот пост 2020 

Објавена е порака на папата Фрањо за Великиот пост 2020

Во понеделник 24 февруари во Ватикан е објавена пораката на папата Фрањо за Великиот пост, со наслов „Ве молиме во името на Христа: помирете се со Бога!“

Да се обратиме на отворен и искрен дијалог со Господ е повикот кој стои во пораката на папата Фрањо за оваа година. Насловот на пораката е земен од Второто послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните, каде што се вели: „Ве молиме во името на Христа: помирете се со Бога!“ (5,20).

Светиот Отец пораката ја започнува со зборовите: И оваа година Господ ни дава милосно време за подготовка за да можеме со обновени срца да го прославиме големото таинство на Исусовата смрт и воскресение, темел на нашиот личен и заеднички христијански живот. Кон тоа таинство мораме постојано да се навраќаме со духот и телото. Имено, тоа продолжува да расте во нас со мерка, со која ќе дозволиме да бидеме зафатени од неговата духовна сила и слободно и великодушно да ја прифатиме.богатство кое треба да се подели, а не да се задржува за себе;

Пораката на Светиот Отец содржи четири точки и тоа: Пасхалното таинство како темел за преобраќање; потребата од итно преобраќање; големата Божја волја за разговор со своите чеда и богатството треба да се подели, а не да се задржува за себе.

 

25 февруари 2020, 09:52