Папата Фрањо на Генерална аудиенција во среда Папата Фрањо на Генерална аудиенција во среда 

Запамти го датумот на своето крштение

За време на Генералната аудиенција папата Фрањо постети на светото крштение

На крајот од аудиенцијата во среда 8 јануари 2020 година,откако искажа близина со Австралија, која е погодена од големи пожари, папата Фрањо побара од верниците да се присетат на датумот на своето крштение. Би сакал секој од вас да го знае датумот на крштението; сигурно го знаеме датумот на роденденот, датумот на раѓање, но колку од вас го знаат датумот на крштението? Затоа што не се слави, се заборава. За домашна задача прашајте ги родителите, бабите и дедовците, роднините и пријателите. Кога сум крстен, кога сум крстена? И секогаш носете го тој датум во срце како би се заблагодариле на Господ за милоста на крштението – поттикна папата Фрањо.

09 јануари 2020, 17:41