Пребарување

Местото каде се сруши украинскиот авион Местото каде се сруши украинскиот авион 

Папата упати тeлеграма со сочувство за падот на украинскиот авион

Папата Фрањо упати телеграма со сочувство по повод падот на украинскиот авион во близина на Техеран

Папата Фрањо изрази длабока жалост за авионската несреќа  на украинската авиокомпанија, која се случи на 8 јануари 2020 година, веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран, при што загинаа сите 167 патници и 9 членови на екипажот. Во телеграмата којa ја потпиша државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец душите на починатите ги препорача на милосрдната љубов на Семоќниот, додека нивните семејства и пријатели им изрази сочуство.

Локалните извори ја исклучуваат претпоставката за терористички напад. Портпаролот на техеранскиот аеродром рече дека авионот се сруши поради технички проблеми.

09 јануари 2020, 11:46