Пребарување

:Папата со учениците од класичната гимназија ,,Пило Арбертели” во Рим :Папата со учениците од класичната гимназија ,,Пило Арбертели” во Рим 

Папата до Римските средношколци: Соништата се кислород за душата

Папата Фрањо во петок 20 декември, ја посети римската класична гимназија ,,Пило Арбертели”, едно од најстарите средни училишта во Рим, основана во 1880 година, која е сместена во близина на базиликата Света Марија Велика. Меѓу темите на кои се осврна во разговорот со учениците беа миграцијата, несебичната љубов, мирот и средбите меѓу културите и религиите.

Во изјавата на директорот на Светиот Престол стои дека Светиот Отец придружуван од директорката на гимназијата, и Андре Монде, главен одговорник на дневниот весник „L'Osservatore Romano“ и поранешниот вероучител во тоа училиште, Папата Фрањо ги поздрави наставниците и персоналот за поддршка на младите кои минатата година напишале текстови за медитација за Крсниот пат во римскиот Колосеум. Во училишниот двор го пречекаа околу 800 средношколци. По поздравот на директорката, Папата им се обрати на младите и им одговори на некои од нивните прашања.

Папата зборуваше за осаменоста која ако се живее лошо, води кон меланхолија, потоа за бесплатната љубов која претставува тежок пат составен од самоодрекување,трпеливост и мали ,,жртвички” - стои во соопштението. Одговарајќи на прашањата за соживотот на различните култури и религии, Светиот Отец се осврна на миграцијата, и во својата земја, Аргентина, и како таа доведо до потребата да живеат заедно. Исто така ја истакна и важноста на сведоштвото за преобраќањето на оние кои не веруваат, како на тој начин би се поттикнало поставување на прашања за Евангелието и верата.

Откако ги потсети младите за важноста на игрите и соновите, кои како што кажа донесуваат кислород во душата. Папата одговори и на прашањето за вистинските учители и ја истакна важноста на односот помеѓу учителот и ученикот, дар за кој потсети зборувајќи за својот духовен отец во Аргентина, Исусовецот патер Мигуел Анџел Фиорито. На крајот Папата Фрањо на сите им ги честиташе Божиќните празници и одговори на последното прашање на еден ученик за противречноста на војната при воспоставување на мир и безбедност. Повикувајќи се на трагичните ситуации во кои се наоѓаат некои земји, Светиот Отец ја спомена видео пораката на тема мир, која ја сними со Генералниот секретар на Обединетите нации - стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

24 декември 2019, 16:14