Пребарување

Папата и водачите на католичките невладини организации Папата и водачите на католичките невладини организации 

Папата Фрањо: Образованието е првична задача на Црквата

Образованието е првична задача на Црквата – рече папата Фрањо за време на аудиенцијата на 7 декември 2019 година, на која ги прими водачите на католичките невладини организации

Образованието е првичната задача на Црквата – рече папата Фрањо за време на аудиенцијата на водачите на католичките невладини организации. Папата ги охрабри да ги прифатат и во своите проекти да ги вклучат најранливите, за светот да го направт заеднички дом. Цитирајќи ја пасторалната конституција за Црквата во современиот свет „Gaudium et Spes“, Папата освен тоа потсети дека различни меѓународни католички организации можат на многу начини да служат за градењето на заедницата на народите кои ќе живеат во мир и братство. (…)

Две работи се потребни за доследно сведоштво за животот – рече Светиот Отец и истакна:Првата е голема вера и доверба во препознавањето на сами себе како средства на Божјото делување во светот. Нашата ефикасност не е прво место. Исто така е потребно да имаме соодветна стручна подготовка за научното и хуманистичкото подрачје за да знаеме да го прикажеме од христијанска перспектива. Во таа смисла „социјалната наука на Црквата“ нуди рамка на црковни начела погодни за подобро служење на човештвото.

Ви препорачувам добро да го запознаете и да го проучите за да можете да го примените во своите проекти – рече папата Фрањо и напомена: Соодветното образование и воспитанието како димезија која ги поврзува проблемите во општествено-политичкиот живот, денес е првичната обврска на Црквата. Затоа испратив општ апел за обнова на глобалниот договор за образование за да воспитува за мир и правда, прифаќање меѓу народите и универзална солидарност, како и чувствителноста за грижата за заедничкиот дом, во согласност со енцикликата „Лаудато си“. Освен тоа, ве охрабрувам уште повеќе да ја зголемите својата стручност и црковниот идентитет.

Папата потоа потсети дека природните богатства се важни и потребни, но може да се случи понекогаш да не се доволни за постигнувањето на предложените цели. Па и кога природните богаства се изобилни, не се постигнуваат поставените цели – рече Папата и предупреди: Не смееме да се обесхрабриме. Треба да мислиме на тоа дека Црквата секогаш правела големи дела со скромни средства. Сигурно, треба да се набават и до крај да се искористат сопствените таленти, покажувајќи со тоа дека секоја способност доаѓа од Бог, дека не е наша. Во Бог е вкоренето богатството. (…)

Соработката во заедничките проекти дава уште повеќе да заблеска вредноста на одредено дело затоа што се покажува нешто што е природно за Црквата и нејзиното заедништво, одејќи заедно во исто послание, во служба на заедничкото добро преку соодговорноста и придонесот на сите – заврши Светиот Отец.

07 декември 2019, 19:29