Пребарување

Папата Фрањо со новинарите во авионот на враќање од апостолско патување во Тајланд и Јапонија Папата Фрањо со новинарите во авионот на враќање од апостолско патување во Тајланд и Јапонија 

Интервју на папата Фрањо на враќање од Јапонија

Разговарајќи со новинарите во авионот на враќање од Токио во Рим, папата Фрањо повторно ја истакна силната порака од Хирошима изразувајќи ги своите сомнежи што се однесува до нуклеарната централа се додека не се постигне целосна сигурност.

Употребата на нуклеарно оружје е неморално и затоа треба да се внесе во Катехизмот на Католичката Црква; и тоа не само употребата, туку и неговото поседување затоа што некоја незгода или непромислен чин на некој владетел, нечија лудост може да го уништи човештвото – рече папата Фрањо во авионот на пат од Токио во Рим, одговарајќи на прашања на новинарите кои беа во придружба.

Нагасаки и Хирошима тие два града претрпеа атомска експлозија и по тоа се слични. Но, меѓу нив постои разлика – рече Папата и истакна: Нагасаки немал само бомба, туку и христијани. Нагасаки има христијански корени, христијанството е многу старо, а прогони на христијаните се спроведуваа во цела Јапонија, но во Нагасаки било посебно силно.

Секретарот на нунцијатурата ми подари една копија во дрво од тоа време, на која пишува „wanted“; се бараат христијани! Ако пронајдеш еден, пријави го и многу ќе добиеш; ако пронајдеш еден свештеник, пријави го. Тоа силно погодува, тоа биле векови на прогони – истакна Папата и додаде дека таа појава на некој начин ја „релативизира“ атомската бомба. Во Хирошима напротив бев заради споменот на атомската бомба, и покрај тоа што тој не е христијански град како Нагасаки. Заради тоа сакав да отидам во двата града.

Во Хирошима беше првата човечка катехеза за суровоста. (...) За мене тоа беше многу трогателно искуство – рече папата Фрањо и додаде, дека таму истакнал дека употребата на нуклеарно оружје е неморално и заради тоа треба да се внесе во Катехизмот на Католичката Црква. (...) Употребата на нуклеарната енергија е на границата затоа што сѐ уште не сме постигнале целосна сигурност. Некој би можел да каже дека и со електричната енергија заради несигурност може да дојде до несреќа – рече, но таа би била мала несреќа. Несреќата во нуклеарната централа би била голема.

Мора да ја истражуваме безбедноста за да избегнеме несреќа, но и последиците врз животната средина – рече Папата и предупреди дека што се однесува до животната средина сме ја преминале границата. Голем број ретки болести на кои денес наидуваме се поттикнати од лошото искористување на животната средина. Но, враќајќи се на нуклеарната енергија посебно го истакна градењето, сигурноста и заштитата на создаденото.

На прашањето за смртната казна, Папата рече дека таа не смее да се практикува, не е морална. Казната треба секогаш да биде свртена на повторното вклучување; казната без прозорец кон хоризонтот не е човечка. И во случај на доживотна казна треба да се мисли на тоа како осуденикот на доживотна казна да може повторно да се вклучи во општеството, во затворот или надвор од него. Треба да се побара таков начин тие луѓе да бидат вклучени во активности според кои ќе се чувствуваат луѓе. Меѓутоа на бројни краишта во светот затворите се преполни, личат на магацини за човечко месо во кои наместо да растат често им се уништува здравјето.

Зборувајќи пак за насилството, Папата го спомна булизмот за кој им зборуваше и на младите Јапонци, а тоа е проблем кој – како што рече, да настојуваме да го решиме со воспитните програми. Освен тоа, лошо е „лицемерноста на вооружувањето“ – рече и истакна дека овде мисли на христијанските земји, на европските земји кои зборуваат за мирот, а живеат од оружјето.

Треба да се има храброст и да се каже: „Не можам да зборувам за мирот затоа што мојата економија многу заработува токму од оружјето“. Меѓутоа сѐ што може да се направи за да се запре производството на оружје, за да се запрат војните и да се поттикнат преговори, (...) треба секогаш да се направи, и тоа дава резултати – истакна Папата и рече дека мирот денес е многу слаб, но дека тоа не смееме да нѐ обесхрабри. Што се однесува до оправданата одбрана рече дека таа секогаш вреди, ја разгледува и моралната теологија, но како последна можност. Последна е можноста за одбрана со оружје. Оправданата одбрана се постигнува со дипломатија, со преговори – истакна папата Фрањо.

Имаше прашање и за ватиканската дипломатија за која Папата рече дека се направени големи чекори напред и дека некои неправилности се откриени од внатре, а не од надвор, како што се случувало. На прашањето за тензиите во Хонг Конг, Папата рече дека тие постојат на различни краишта во светот и го спомна Чиле, демократска Франција, Никарагва и други латиноамерикански земји кои – како што рече, имаат сличи проблеми кои ги има и уште и по некоја европска земја. Во таа смисла Светиот Престол повикува на дијалог, на мир, на решавање на проблемот – истакна Папата.

06 декември 2019, 15:49