Пребарување

Папата Фрањо со учесниците на Средба за достоинството на малолетниците во дигиталниот свет; Ватикан 14 ноември 2019 година Папата Фрањо со учесниците на Средба за достоинството на малолетниците во дигиталниот свет; Ватикан 14 ноември 2019 година 

Папата: Отстранете ги од лицето на земјата сите облици на злоупотреба на децата

Долгиот говор на Папата до учесниците на собирот за достоинство на малолетниците во дигиталниот свет, кој започна на 14 ноември 2019 година, може да се резимира во силниот поттик упатен до целото општество за заштита на децата кои сѐ повеќе се служат со интернет.

Силен повик сите да се обединиме за да ги заштитиме децата од злоупотреба и од порнографијата на интернет која сѐ повеќе зема замав, во светот обележан со неверојатен брз развој на технологијата во комуникациите, упати папата Фрањо кога ги прими во аудиенција научниците, комуникаторите, претставниците на институции, воспитувачи, верски водачи, но пред сѐ компаниите кои делуваат на тоа подрачје.

На аудиенцијата во која прими 80 учесници на Средбата за достоинство на малолетниците во дигиталниот свет, Папата пред сѐ се осврна на брзото ширење на слики со злоупотреба и искористување на децата кои се однесуваат на сите насилни облици и на сите помлади деца, но и на сериозните последици на сѐ поголемото ширење на порнографскиот материјал кој има влијание на психата на малолетникот. (...)

Со цел заштита на децата во дигиталниот свет односно во нашиот денешен и иден свет, треба да бидеме обединети, како сведоци на Божјата љубов кон секој човек, започнувајќи од најмалите и незаштитените за да поттикнеме кај сите, на сите краишта на светот и во секоја вероисповед да се зголеми вниманието, грижата и свеста.

Сакаме од лицето на земјата да го отстраниме насилството и сите облици на злоупотреба на малолетниците. Да ги погледнеме во очи; тие се ваши ќерки и ваши синови, мора да ги љубиме како ремек дела и деца Божји. Тие имаат право на добар живот. Наша обврска е да направиме сѐ што е можно за да го имаат – рече папата Фрањо и се осврна на една од главните теми на собирот, а таа се однесува на заштитата на слободата на изразување, која со заштитата на приватноста се поврзува во сите слоевити облици на шифрирање на пораките, што го прави невозможен било каквиот надзор. Во таа смисла е важно да се пронајде соодветна рамнотежа.

За да се поттикне развој на интернетот, компаниите кои пружат услуги долго се сметаа за едноставни даватели на технолошки платформи кои не се ниту законски, ниту морално одговорни за нивната употреба – рече Папата. Меѓутоа колку е голем потенцијалот на дигиталните средства, такви се и негативните последици на злоупотреба на тие средства на подрачјето на трговијата со луѓе, во тероризмот, во ширењето на омраза, со манипулирањето со информации, како и што се однесува на злоупотребата на малолетниците.

Папата затоа даде неколку совети за преземање на соодветни мерки. Пред сѐ властите треба да имаат можност делотворно да интервенираат со полно почитување на правната држава и праведен процес, за да се спротивстават на криминалните активности кои ги навредуваат децата. Потоа Папата своите мисли ги сврте кон големите компании во тој сектор кои лесно ги преминуваат границите меѓу државите и не можат – како што рече - целосно да се огрдат од употребата на средствата кои ги ставаат во рацете на своите клиенти. Затоа им упати силен апел на одговорност во однос на малолетниците, нивниот интегритет и нивната иднина.

Папата Фрањо меѓу останатото го пофали ангажирањето на законодавците во некои земји затоа што компаниите кои овозможуваат употреба на интернет по пат на мобилни електронски уреди се обврзани да ја проверат возраст на клиентот. Малолетниците користат најмногу мобилни телефони, а според доверливи истражувања, на средната возраст на првиот пристап до порнографија е на 11 години, а тежнее кон понатамошно снижување. Тоа никако не може да се прифати – истакна Папата. Индустријата затоа треба да се соработува со родителите, а утврдувањето на возраста не треба да се смета за кршење на правата на приватност, туку со претпоставката за делотворна заштитата на детето.

Папата затоа од научниците и од истражувачите побара да се ангажираат за да го заштитат достоинството на малолетниците и тоа треба да биде – како што рече - благородна цел на вашата работа во научното истражување затоа што не можеме да се залажуваме дека на таквите предизвици можеме да одговориме врз основа на површни сознанија.

Важната задача папата Фрањо ја довери и на медиумските работници, повикани да ја шират свеста за опасностите кои се кријат во неконтролираниот технолошки развој. Сѐ уште не е сфатена – а често не сака да се сфати - сериозноста на тој проблем во неговата целост и со неговите идни последици – истакна Папата и поттикна на тесната врска со медиумите односно со нив комуникаторите и нивната способност да го поттикнат јавното мислење и општеството.

Меѓутоа не е доволно да се сфати, треба да се делува. Осврнувајќи се на темата на собирот, која гласи „Од поим до делување“, Папата сака моралната осуда на штетите направени на децата заради погрешната употреба на дигиталната технологија да се претвори во конкретни и итни иницијативи затоа што колку повеќе време поминува, тоа зло повеќе се зацврстува и тешко можеш да му се спротивставиш, како што сведочат оние кои се ангажираат во таа борба.

Папата знае дека на подрачјето на дигиталниот свет кружат големи економски интереси кои сакаат да ги условуваат компаниите – предупреди Светиот Отец -  доброто на малолетниците и на општеството не смее да се жртвува поради заработка. Вниманието кон заштитата на малолетниците и сузбивањето на порнографијата треба да биде сѐ поприсутна во економијата на дигиталниот свет затоа што здравиот развој на општеството вреди многу повеќе од економскиот профит.

15 ноември 2019, 16:36