Папата Фрањо ќе ги посети Тајланд и Јапонија Папата Фрањо ќе ги посети Тајланд и Јапонија 

Тајланд и Јапонија со радост го очекуваат доаѓањето на Папата

Папата Фрањо од 20 до 26 ноември 2019 година ќе ги посети Тајланд и Јапонија. „Христови ученици, ученици мисионери“ е мотото од првиот дел од 32. Апостолско патување на папата Фрањо.

Папата ќе отпатува на 19 ноември за Тајланд, каде ќе се задржи од 20 до 23 ноември, а после тоа од 23 до 26 ноември ќе ја посети Јапонија. Тоа ќе биде втора посета на еден папа во Тајланд, после онаа на свети Иван Павле II, во 1984 година. Мотото на првиот дел од патувањето е „Христови ученици, ученици мисионери“ се однесува на 350 годишнината од основањето на Апостлоскиот викаријат во Сијам, основан 1669 година

Тајланд и Јапонија

Тајланд и Јапонија се земји во кои католиците се малцинство. Во двете земји има околу 0,5% католици од вкупното население. Во Тајланд, каде околу 80 % се будисти, католици има помалку од 400,000 илјади. Во Јапонија, која е изразено секуларна држава поголемиот број на населението припаѓа на шитоистичката и будистичката традиција, католици има околу 540,000.

Бискупијата Чијанг Маи

Бискупијата Чијанг Мај, на северот од Тајланд, е воспоставена во ноември 1959 година. Во две парохии, во Чаехом и Ламфун, живеат неколју италијански свештеници 'fidei donum', кои веќе со години ја анимираат бискупската католичка мисија. Мисијата во Чаехом, која се издржува од производство и продажба на локални ракотворби, се завзема за помош на племенските и номадските народи, кои живеат во планините на северот од Тајланд, на границата со Мјанмар и Лаос, при што во селата градат системи за питка вода, и овозможуваат здравствени услуги и можност за згрижување и образование на млади.

Очекувањата од посетата на Папата

Во Чаехом живее дон Рафаеле Сандона, свештеник 'fidei donum' од Падова, кој веќе 10 години се наоѓа во Тајланд, а во разговор за Радио Ватикан ги опиша очекувањата од доаѓањето на Папата во таа земја. Патувањето на Папата ќе послужи за да ги охрабри во вера католиците во тоа подрачје, и ќе се одржи во знак на промовирање на меѓурелигискиот дијалот со будистичкиот свет.

Дон Рафаеле освен тоа, го спомна мирниот и конструктивниот однос со будистите, како и инстуционалната атмосфера, која претходи на доаѓањето на папата Фрањо, кои го гледаат и следат поради неговиот пример на понизност и залагањето за мир. Ова патување сигурно ќе биде убав чекор напред кон дијалогот, но и за сведочење кое се очекува од локалната Црква – истакна дон Рафаеле.

08 ноември 2019, 16:24