Папата Фрањо и претставниците на јапонските власти и дипломатскиот кор Папата Фрањо и претставниците на јапонските власти и дипломатскиот кор 

Папата до јапонските власти: Дијалогот е единственото оружје достојно за човекот

На средбата со претставниците на јапонските власти и дипломатскиот кор папата Фрањо предупреди на мирот кој се гради со праведност и солидарност, на улогата на религијата и на заштитата на најслабите

Дојдов за да ги зацврстам јапонските католици во верата и во нивната ангажираност за сиромашните и за служењето на земјата чии граѓани се чувствуваат со гордост – рече папата Фрањо во Кантеи, на средбата со претставниците на јапонските власти и дипломатскиот кор. Јапонскиот народ посебно е чувствителен на страдањето на сиромашните и на луѓето со инвалидитет. Мотото на мојата посета е „Заштити го секој живот“, признавајќи го неговото неповредливо достоинство и важност со искажување на солидарност и поддршка на нашите браќа и сестри во сите потреби.

Историјата нѐ учи дека до решение за конфликтите меѓу народите може да се дојде преку дијалогот кој е единственото оружје достојно за човекот и способно да гарантира траен мир. Уверен сум дека е потребно да се соочиме со нуклеарното прашање на мултилатерално ниво, промовирајќи политички и институционален процес кој е во состојба да постигне консензус и да го шири меѓусебното делување. Освен тоа, да се заштити заедничкиот дом значи да се обрати внимание на човечката екологија, соочувајќи се со јазот помеѓу богатите и сиромашните во глобалниот економски систем кој ги покажува разликите – истакна Папата.

26 ноември 2019, 19:43