Папата Фрањо за време на Генералната аудеинција во среда 6 ноември 2019 година Папата Фрањо за време на Генералната аудеинција во среда 6 ноември 2019 година 

Папата: Животот има голема вредност, ако се живее како дар

По завршување на катехезата на Генералната аудиенција папата Фрањо се обрати до присутние поклоници

По завршување на катехезата на Генералната аудиенција во среда 6 ноември 2019 година папата Фрањо посебно ги поздрави поклониците од арапското говорно подрачје и ги поттикна за бројните страдања во нашето време да го молиме Господ да ги отвори нашите срца за потребите на сиромашните, беспомошните, невработените и оние кои тропаат на нашата врата, барајќи леб, прибежиште или признавање на достоинството.

Поздравувајќи ги пак полските поклоници, Папата потсети дека следната недела во Полска се слави 11. ден на солидарноста со прогонетата Црква, која го организра фондацијата „Помош за Црква во неволја“ заедно со Полската бискупска конференција, и дека и оваа година е наменета за Јужен Судан.

Изразувајќи надеж дека молитвата и делата на солидарност ќе донесат утеха на браќата, кои во повеќе делови од светот страдаат заради Христос, Светиот Отец на крајот ги потсети италијанските поклоници за значењето на месец ноември, кој е посветен за сеќавање на покојните, напоменувајќи дека тоа е можност повторно да размислуваме за смислата на постоењето на вечниот живот, како би сфатиле дека животот има голема вредност, ако се живее како дар.

07 ноември 2019, 14:33