Пребарување

Папата пред споменикот на јапонските маченици во Нагасаки Папата пред споменикот на јапонските маченици во Нагасаки 

Папата Фрањо пред споменикот на јапонските маченици молеше за прогонетите христијани

Папата Фрањо се молеше пред споменикот на мачениците од Нагасаки и ги спомна христијаните кои денес во многу делови од светот се прогонувани заради верата

Тивката молитва на папата Фрањо пред споменикот на јапонските маченици во Нагасаки, на која и претходеше краток говор и молитвата Ангел Господов, испреплетена е со приказната за 26 христијани кои се погубени во 1597 година на еден рид во овој град на југоистокот од Јапонија.

Животот го има последниот збор

Во оваа пригода Светиот Отец потенцираше, меѓу другото дека таму светлината на Евангелието блеснало со љубов која ги победила прогонството и мечот. Оваа место пред сѐ е споменик кој го навестува Воскресението, затоа што објавува, дека и покрај сите спротивни показатели, последниот збор не и припаѓа на смртта, туку на живото т- рече Папата и додаде дека овие маченици ни навестуваат дека не сме повикани на смрт, туку на живот во полнина.

Животот на еден ученик мисионер

Покрај тоа, Светиот Отец забележи дека на ова место има темнина на смрт и мачеништво, но исто така се навестува светлината на воскресението, каде крвта на маченикот станува семе за нов живот кој Исус сака да го даде на сите. Сведоштвото на 26 јапонски маченици ја потврдува нашата вера и ни помага да ја обновиме нашата посветеност и определба кон животот на учениците мисионери кои знаат да работат за култура која е во состојба да го заштити и брани секој живот, и тоа преку мачеништво нсоа секојдневно и тивко служење на сите, посебно на најпотребните – рече папата Фрањо.

Храбро да се појде по патот на Блаженствата

На крајот на својот говор папата Фрањо се присети на мноштвото прогонети христијани  кои денес страдаат заради својата вера, а со своето сведочење нѐ охрабруваат да тргнеме по патот на Блаженството. Да молиме за нив и со нив, да го кренеме нашиот глас верската слобода да биде загарантирана, на сите страни на светот - повика Светиот Отец, и пред молитвата Ангел Господов, ги повика сите да се молат на Блажена Дева Марија која е царица на мачениците, како и на свети Павле Мики и неговите придружници кои низ историјата на својот живот ги навестуваа Господовите чуда, даја застапуваат за Јапонија и целата Црква, како нивната жртва би го разбудила и одржувала живата радоста на посланието.

26 ноември 2019, 19:38