Пребарување

Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов  

Папата се моли за жртвите во Етиопија

По завршувањето на молитвата Ангел Господов, папата Фрањо истакна дека е ожалостен за насилството врз христијаните во Етиопија

Тажен сум поради насилството кое го претрепеа христијаните на Православната тавахедо Црква во Етиопија – рече Папата Фрањо после молитвата Ангел Господов во недела 3 ноември 2019 година и истакна: Ја искажувам својата близина со таа сакана Црква и нејзиниот патријарх, саканиот брат Абуни Матијас. Апелирам да молете за сите жртви на насилството во таа земја.

Од срце се заблагодарувам на општината и бискупијата Сан Северо во Апулија, како и на Апостолската милостилница, за протоколот за разбирање кои го потпишаа на 28 октомври, со кој на работниците и надничарите во ‘гетото Капитанати’ на подрачјето Фоџија, ќе се овозможи да добијат престој во парохиите и да се запишат во општинската матична канцеларија. Поседувањето на лични документи и документи за престој ќе им дадат ново достоинство и ќе им овозможат излегување од условите на незаконитост и искористување - рече на крајот Папата, поздравувајќи ги сите присутни поклоници и верници.

03 ноември 2019, 22:04