Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо Папата Фрањо   (AFP or licensors)

Папата: Потребна е формација која го промовира општото добро

На средбата со учесниците на конференцијата на Меѓународната федерација на католичките универзитети, папата Фрањо поттикна на формација која промовира општо добро. Треба да се надмине наследството на просветителството, рече Папата, усогласувајќи го говорот со разумoт, срцето и рацете

Истрајно и професинално да се бараат решенија кои водат до грѓански културен напредок за поединецот и за целото човештво, втемелено на солидарноста - препорача папата Фрањо на учесниците на конференцијата на Меѓународната федерација на католичките универзитети (FIUC), која се одржува на тема: Нови граници за универзитетските лидери – Иднината на здравјето и универзитетскиот екосистем“.

Соодветни одговори

Примајќи ги во аудиенција Папата потсети на новите предизвици со кои се соочуваат универзитетите, а кои произлегуваат од развојот на науката, како и од развојот на новите технологии и потреби на општеството, кои ги поттикнуваат акеадемските установи да дадат соодветни и навремени одговори Големиот притисок кој се чувствува во многу области на социо-економскиот, политичкиот и културниот живот, се однесува и на самиот повик на универзитетите, а особено на задачата на професорите да предаваат, да спроведат истражување и да ги подготвуваат младите генерации да станат компетентни професионалци во различни дисциплини, но и протагонисти за општото добро, креативни лидери и одговорни за социјалниот и граѓанскиот живот, со правилен поглед на човекот и светот - рече Папата, додавајќи дека во оваа смисла треба да се прашаат универзитетите денес каков придонес можат да имаат, и што треба, да дадат за целокупното здравје на човекот и за солидарната екологија.

Проекти за солидарност

Католичките универзитети треба - истакна папата Фрањо - со поголемо разбирање да ги препознаат овие потреби, со оглед на старите и новите проблеми во нивната специфичност и непосредност, но секогаш во лична и глобална перспектива. Интердисциплинарноста, меѓународната соработка и споделувањето ресурси се важни фактори за претворање на универзалноста во солидарност и плодни проекти во корист на човекот, сите луѓе и во контекстот во кој тие растат и живеат.

Три начини на говор

Папата тогаш истакна дека развојот на техниката сѐ повеќе влијае на физичкото и психолошкото здравје на луѓето. Затоа, секое поучување подразбира прашања за целта, како и размислување за темелите и целите на секоја дисциплина. Образованието сведено на само чисто техничко поучување или едноставна информација станува отуѓување од образованието; да се мисли дека знаењето може да се пренесе со издвојување на етичката димензија од нив, би било исто како и откажување од воспитувањето.

Неопходно е, забележа Папата, да се надмине наследството на илуминизмот. Образованието, воопшто, а посебно универзитетите, не значи да се наполни главата само со термини. Постојат три начини на говор: говор на разумот, говор на срцето и говор на рацете, како би размислувале во согласност со она што го чувствуваме и што правиме; да нè натера да се чувствуваме во склад со она што го мислиме и правиме; и да воспоставиме хармонија со она што го чувствуваме и мислиме. Потребна е општа хармонија која не е одвоена од целината - истакна Папата.

Христијанскиот контекст и универзитетската мрежа

Посебно Меѓународната федерација на католички универзитети е повикана - истакна Папата - да го преземе моралниот императив за ангажирање во воспоставување на уште поглема поврзаност на меѓународна академска заедница, потопувајќи ги поуверливо своите корени во христијанскиот контекст во кои универзитетите ги имаат своите почетоци, и ја зацврстуваат мрежата меѓу старите и новите универзитети. Екосистемот на универзитетите се гради доколку секој студент негува посебна чувствителност што произлегува од неговото внимание кон личноста како целина, кон контекстот во кој живее и расте, како и на сè што придонесува за неговото промовирање.

Универзитетска заедница

Коментирајќи ја темата на состанокот, формацијата на универзитетски лидери, папата Фрањо истакна дека е важно да се инвестира академско време со цел развој на умот, но и на срцето, совеста, како и на практичните способности на студентот. Научните и теоретските знаења треба да бидат измешани со чувствителноста на научниците и истражувачите, така што резултатите од студијата не би се добиле во автореферентна смисла, односно само за да се потврди сопствената позиција, туку да се насочува во релациска и социјална смисла.

На крајот на краиштата, како што секој научник и човек од културата е должен да послужи повеќе затоа што знае повеќе, така и универзитетската заедница, уште повеќе ако е со христијанско вдахновение, и екосистемот на академските институции, мора да одговорат на оваа обврска - рече Папата, потсетувајќи на крајот на зборовите од неодамна канонизираниот кардинал Џон Хенри Њуман, која рече дека Црквата не се плаши од сознанието; сè прочистува и не потиснува ниту еден елемент од нашата природа, туку сѐ негува.

06 ноември 2019, 15:47