Папата за време на средбата со Советото за инклузивен капитализам Папата за време на средбата со Советото за инклузивен капитализам 

Папата: ‘Не’ за културата ‘употреби и фрли’

Зборувајќи пред членовите на Советот за инклузивен капитализам, папата Фрањо истакна за потребата од темелна обнова на срцето и умот, како човекот би се ставил во центар на економскиот живот

Во светот во кој на разни нивоа има сѐ повеќе сиромаштво и во кој преовладува нееднаквоста, итно е потребно заземање за праведен економски систем, кој е во состојба да одговори на најрадикалните предизвици, кои се исправени пред човештвото и планетата – истакна папата Фрањо примајќи ги во аудиенција членовите на Советот за инклузивен капитализам во понеделник 11 ноември 2019. Овој совет е дел од резултатите на Fortune-Time Global форумот, одржан во 2016 година, кој го прифати предизвикот за намалување на разликите заради кои поголемиот дел од луѓето се одвоени од благосoстојба, во која пак уживаат малкумина.

Свртување кон моделите на великодушност

Претприемничката активност е неизоставен дел од служењето за општо добро, посебно ако опфаќа создавање работни места, но и како што зборуваше свети Павле Шести, не може да се ограничи само на економскиот раст; имено потребно е да се помага и промовира секој човек и целата човечка личност. Тоа значи подобрување на инфраструктурата или овозможување поголем асортиман на потрошувачки добра. Имено тоа, подразбира свртување кон зајакнување на економските модели втемелени на нашата великодушност за потребите на другите.

Економскиот систем без етичка загриженост не води до праведен општествен поредок, туку напротив, доведува до култура ‘употреби и фрли’, потрошувачка и отпад – истакна Папата. Напротив кога ќе ја препознаеме моралната димензија на економскиот живот, кој е еден од бројните видици на социјалната наука на Црквата, треба во потполност да се почитува, во состојба сме да делуваме со братска љубов, жалејќи, барајќи и штитејќи го доброто на другите и нивниот целосен развој.

Добрата да бидат достапни за сите

Папата потоа ги поттикна присутните да издржат на долгиот пат на великодушна солидарност, и да работат за враќање на економијата и финансиите на етичкиот пристап кој ги промовира човечките битија. Токму финансиската криза, која во 2008 година го погоди светот, покажа дека здравиот економски систем не може да се темели на краткорочна добивка, врз штета на долгорочните продуктивни, одржливи и општествено одговорни вложувања – истакна папата Фрањо.

Освен тоа, настојувањето на споменатиот совет, со цел инклузивен капитализам, потсетува на повикот за служење на општото добро, настојувајќи да се зголемат богатствата на овој свет и да се направат да бидат достапни за сите. На крајот – напомена Папата – не станува збор едноставно за тоа да ‘имаме повеќе’ туку за да ‘бидеме повеќе’. Потребна е длабока обнова на срцето и умот, како човечкото битие би било ставено во центарот на општествениот, културниот и економскиот живот.

Затоа вашата присутност тука е знак на надеж – рече папата Фрањо и на крајот искажа благодарност за нивното ангажирање во промовирањето на поправедна и похумана економија со цел изградба на подобар свет, водејќи сметка за целата личност и за идните генерации, затоа – како што кажа – инклузивен капитализам, кој никој не отфрла, е благороден копнеж кој е достоен за вложените напори.

12 ноември 2019, 08:01