Папата Фрањо ја прими во посета естонската претседателка Керсти Каљулаид Папата Фрањо ја прими во посета естонската претседателка Керсти Каљулаид 

Папата Фрањо ја прими во посета естонската претседателка Керсти Каљулаид

За време на срдечниот разговор ја спомнаа и посетата на Папата на таа балтичка земја во 2018 година, се дискутираше за прашања од заеднички интерес, а исто така разговараа и за меѓународни теми, посебно за ситуацијата во Украина и на предизвиците кои се однесуваат на Европа.

Папата Фрањо на 27 ноември попладне во Апостолската палата ја прими естонската претседателка Керсти Каљулаид, која потоа се сретна и со надбискупот Паул Ричард Галагер, државeн секретар.

За време на срдечниот разговор, таа изрази задоволство за добрите билатерални односи и ја спомна посетата на Светиот Отец на Естонија во 2018 година, по повод 100 годишнината од независноста на земјата - соопшти прес службата на Светиот Престол. Се разговарало и за некои прашања од заеднички интерес, како што е важноста на образованието, социјалната правда зачувувањето на создаденото.

На крајот, соговорниците се осврнаа на различни теми од меѓународен карактер, меѓу кои се мирот и безбедноста и ангажирањето на мултилатерално ниво, спречување и решавање на конфликтите, со посебно внимание на ситуацијата на Украина и на предизвиците кои се однесуваат на иднината на Европа.

30 ноември 2019, 15:44