Пребарување

Албанија е погодена од силен земјотрес Албанија е погодена од силен земјотрес 

Папата до Албанскиот народ: Блиску сум до жртвите, се молам за мртвите

После катехезата на крајот од аудиенцијата, папата Фрањо ја искажа својата блискост до драгиот албански народ кој вчера беше погоден од земјотрес во кој загинаа 26 луѓе и повеќе од 600 се ранети, и најмалку 20 исчезнати. Најмногу настрада градот Драч и околината.

После катехезата на крајот од Генералната аудиенција, папата Фрањо ја искажа својата блискост до драгиот албански народ кој беше погоден од земјотрес во кој загинаа 26 луѓе и повеќе од 600 се ранети, и најмалку 20 исчезнати. Најмногу настрада градот Драч и околината.

Поздравувајќи ги верниците и ходочасниците, Папата рече: Сакам да ги поздравам и да ја искажам мојата блискост со албанскиот народ кој многу трпи овие денови. Албанија беше првата европска земја која ја посетив. Блиску сум до жртвите, се молам за мртвите и ранетите, и за нивните семејства. Господ нека ги благослови тие луѓе кои многу ги сакам.

Во телеграмата за сочуство потпишана од државниот секретар на Папата, кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец жртвите ги довери на Божјото милосрдие и им ја загарантира својата молитва на ранетите и на сите оние кои се погодени во таа несреќа. Освен тоа, албанскиот народ се довери на провидноста на Семоќниот, која е полна со љубов.

Веднаш по земјотресот се активираше и Албанскиот Каритас. Албанското Министерство за внатрешни работи отвори 8 прифатни центри и на посебен начин го замоли на Албанскиот Каритас да им помогне на раселените. Констатирани се штетите на црквите и парохиските згради. Италијанскиот Каритас како и Каритас од соседните земји, се спремни да помогнат во таа нова итна ситуација. Во изјавата, албанските бискупи исто така ја искажаа својата блискост на сите повредени во тело и дух кои беа погодени од таа природна непогода.

28 ноември 2019, 17:08