Пребарување

Vatican News
Папа Фрањо за време на молитвата Ангел Господов Папа Фрањо за време на молитвата Ангел Господов   (ANSA)

Ангел Господов: Има многу свети луѓе кои живееле во наша близина

На денешниот празник Сите Светии, Папата се спомна на бројните сведоци кои живеат во наша близина, а кој се одраз на Божјата присутност

На денешниот празник на Сите Светии, папата Фрањо го посвети пладневниот говор на кој истакна за силата и убавината на празникот, и се спомена на бројни сведоци кои живеат во наша близина и се одраз на Божјата присутност. Светците и светиците на сите времиња не се едноставно симболи, далечни, недостижни човечки суштества. Напротив, тие се личности, кои живееле цврсто стоејќи на земјата – објасни Папата.

Едноставно, како и секогаш, Папата секој од нас го потсети кој се светците и како го живееле земското ходочастие. Ја искусиле секојдневната мака на животот, со неговите успеси и неуспеси, пронаоѓајќи во Господ сила одново да се подигнат и да продолжат да одат напред – рече Папата. Од тоа се подразбира дека светоста е цел која не може да се постигне само со сопствени сили, туку таа е плод на Божјата милост и нашиот слободен одговор на неа. Светоста е значи дар и повик – истакна Папата.

Светоста – дар и повик, а не роба за размена

Светоста не е роба за размена – предупреди Папата и објасни – токму за тоа што е дар на Божјата милост. Таа е нешто што не можеме да го купиме или да промениме нешто, туку да прифатиме, учествуваме во истиот божествен живот, преку Светиот Дух кој престојува во нас од денот на нашето крштение. Станува збор за тоа во нас сѐ повеќе да созрева дека сме вкоренети во Христос, како што младата винова лоза е поврзана со лозата.

‘Повикот’ пак е другиот видик од тој дар, кој можеме да го прифатиме и ни е упатен за да нѐ направи одговорни за преземање на серизони и секојдневни обврски на посветување, настојувајќи секоја работа да се живее со љубов и милосрдие. Меѓутоа, светоста, освен што е дар, таа е и повик, општ повик на Христовите ученици; таа е пат до полнина на која секоја христијанин е повикан да помине во верата, настојувајќи да оди кон последната цел, односно до конечното заедништво со Бог во вечниот живот. Светоста така станува одоговор на Божјиот дар, затоа што се гледа преку презематата одговорност – истакна папата Фрањо.

Очи упатени кон небото

Светците, кои денес ги славиме, се браќа и сести, кој го сочинуваат „Светиот град“, кон кој, ние како поклоници во овој „земски град“, уморни од напорното одење, гледаме со надеж, како на наша последна цел. Таму нѐ чекаат тие наши браќа и сестри. Вистина е, ние сме уморни, но надежта ни дава сила да одиме напред. Гледајќи го нивниот живот, сме поттикнати да ги имитираме – рече папата Фрањо и на крајот истакна дека меѓу нас се бројни сведоци на светоста, кои живеат покрај нас, близу нас и кои се одраз на Божјата присутност.

01 ноември 2019, 22:46