Започна вонредниот мисионерски месец октомври 2019
Папата Фрањо сака вонредниот месец на мисиите да биде можност за промовирање на различните иницијативи за мисионерската активност во сите подрачја на црковниот живот, а посебно молитвата која е душата на мисијата и вонредниот месец на мисиите да поттикне на размислување за библиските и теолошките темели на мисиите, за делата на љубовта и за организирање на конкретни акции за соработка и солидарност помеѓу Црквите.
Во пораката за овогодинешниот Светски ден на мисиите насловен „Крстени и испратени: Христовата Црква во мисија во светот“, папата Фрањо истакнува дека денес е важно да се обнови мисионерското делување на Црквата и да се подложи на суд низ призмата на Евангелието, нејзиното послание за навестување на Евангелието и донесувањето на светот спасението на Исус Христос умрен и воскреснат.
Во текот на вонредниот мисионерски месец октомври 2019 година во Рим ќе има три важни настани. На празникот света Мајка Тереза на Детето Исус која е заштитничка на мисиите на 1 октомври папата Фрањо свечено го отвори вонредниот мисионерски месец октомври со Вечерна молитва во 18.00 часот во базиликата Свети Петар. Вечерната молитва беше придружена со мисионерски искуства на мисионери од некои делови на светот.
На Светскиот ден на мисиите на 20 октомври, папата Фрањо ќе служи света Литугија во базиликата Свети Петар со сите учесници на епископската Синода за Амазонија.
На празникот Блажена Дева Марија од Бројаницата, 7 октомври во 15.00 часот во базиликата Света Марија Велика во Рим префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите кардиналот Фернандо Филони ќе ја предводи мисионерската Бројаница.