Пребарување

Vatican News
Преименувана Ватиканската тајна архива Преименувана Ватиканската тајна архива  

Ватиканска тајна архива е преименувана во Ватиканска апостолска архива

Со Апостолското писмо „L'esperienza storica" во облик на мото проприо објавено на 28 октомври 2019 година папата Фрањо го менува досегашното име на Ватиканската тајна архива во Ватиканска апостолска архива

Досегашната тајна архива, која како таква е позната повеќе од 400 години е институција која ги чува документите и богатото културно наследство на Католичката црква како и на универзалната наука и култура. Еден од најпознатиот и најважниот историско истражувачки центар во светото нема да го промени својот идентитет, структура и мисија. Во мото проприото на Светиот Отец се образложува дека латинскиот поим secretum укажува дека таа институција, основана 1612 година, по налог на папата Павле V, не е ништо друго, туку приватен, посебен, доверлив архив на римскиот епископ.

„Се додека тесната врска на латинскиот јазик и јазиците кои произлегуваат од него била цврста, немало потреба да се објасни или дури да се оправда именувањето со Archivum secretum. Но со прогресивните семантички промени кои се случија во одредени јазици и културната и социјалната чувствителност на различните народи, изразот secretum поврзано со ватиканскиот архив создаде недоразбирање и двосмисленост, дури и негативни нијанси, објаснува папата Фрањо и порача дека новото име ја истакнува блиската врска помеѓу Светиот Престол и Архивата и се потенцира директната зависност од Светиот Отец.

Ватиканскиот апостолски архив се простира на 85 километарски полици на два ката, а документираното наследство кое се чува е во хронолошки период од околу 12 века, од осмиот до дваесетиот век. Секоја година го посетуваат околу 1500 научници од околу 60 земји.

29 октомври 2019, 12:51