Пребарување

Вечерна молитва во базиликата „Свети Петар“ со што започнува вонреден мисиски месец Вечерна молитва во базиликата „Свети Петар“ со што започнува вонреден мисиски месец 

Папата Фрањо: Црквата треба да биде сол на земјата и квасец за целото општество

На Вечерната молитва, со која започна вонредниот мисиски месец, папата Фрањо ја охрабри Црквата да не бара „заштитени оази“, туку секогаш да биде сол на земјата и квасец за целото општество. Тој ги повика сите да ги понудат своите таленти, да го вложат својот живот, кој не е товар, туку дар, да бидат Црква која излегува и која е мисионерска, како и мачениците затоа што тие се првите сведоци на верата

Отворање на вонредниот мисиски месец на тема „Крстени и испратени - Христовата црква на мисија во светот“, најавено во попладневно обраќање на 22 октомври 2017 година, папата Фрањо, на празникот на света Тереза од Детето Исус, заштитничка на мисиите, побара храброст и креативност за да ги оствариме талентите што Бог им ги дал на сите нас, оние добра што не треба да бидат оставени во сеф, затоа што тие се повик. Бог ќе нè праша дали сме ги вложиле нашите животи, ризикувајќи, а можеби и губејќи го угледот. Овој вонреден месец на мисиите се обидува да нè разбуди и да ни даде поттик да станеме активни во доброто. Не нотари на верата и чувари на милоста, туку мисионери - истакна Папата.

Мисионери, сведоци и маченици

Забележувајќи дека тогаш, откако ја искусивме Божјата љубов, не можеме да останеме рамнодушни, неактивни, не можеме да молчиме. Папата ги охрабри верниците да се запрашаат себеси во овој месец како ја сведочат таа љубов. Сведок е клучен збор, а неговото значење го има истиот корен како маченикот - рече Папата, истакнувајќи: Мачениците се првите сведоци на верата; не со зборови туку со животот. Тие знаат дека верата не е пропаганда или прозелитизам; таа е дар на животот. Мачениците шират мир и радост, сакајќи ги сите луѓе, дури и непријателите, поради љубовта на Исус.

Пропустот е спротивен на посланието

Ако не го сториме доброто кое што можеме да го направиме, грешиме со пропуст. Ние грешиме против посланието кога го чувствуваме животот како товар, а не како дар; кога сме во центарот на сè самите, со нашите грижи, а не браќата и сестрите што очекуваат да ги сакаме - истакна Папата. Кој е со Исус, знае дека поседува она што се дарува; а тајната за поседување на животот е да го подарите. Да се живее од пропусти значи да се одречете од нашиот повик; пропустот е спротивен на посланието.

Црква која излегува

Така, Црквата е повикана да биде секогаш во послание, да се обновува, да гледа напред со понизна и бесплатна љубов. Ако не излегува, тоа не е Црква - истакна Папата. Црквата која излегува, мисионерска, Црква која не губи време да плаче за работи што не одат како што треба, заради верниците што ги нема, заради минатите вредности што повеќе ги нема. Треба да биде Црква која не бара заштитени оази за да биде мирна, која што сака само да биде сол на земјата и квасец за целото општество. Таквата Црква знае дека тоа е нејзината сила, таа иста како на Исус; не општествена или институционална важност, туку понизна и бесплатна љубов - рече папата Фрањо, давајќи им ги како пример Света Тереза од Детето Исус, Свети Фрањо Ксаверски и чесната службеничка Божја Паулин Јарикот.

Напоменувајќи на крајот дека сите сме повикани, дека никој не е исклучен од посланието на Црквата, папата Фрањо рече дека треба да одиме таму каде што недостасува надеж и достоинство, да живееме храбро и со сигурност дека Светиот Дух веќе го подготвил патот за навестување, затоа што многу луѓе сè уште живеат без радостите на Евангелието. Овој месец Господ те повикува и тебе - рече Папата, обраќајќи им се на сите верници.

04 октомври 2019, 16:33