Пребарување

Vatican News
Папа Фрањо за време на Генералната аудиенција Папа Фрањо за време на Генералната аудиенција 

Генерална аудиенција: Христијанството во Европа дојде од Македонија

Коментирајќи го делот од Делата на светите апостоли, папата Фaрњо на Генералната аудиенција во среда потсети дека оваа година во мај ја посети Македонија, затоа на аудиенцијата со голема наклонетост се присети на патувањето во таа земја, затоа што го прими многу тополо и со вера. Таму започнува процесот на инкултурацијата во Европа, која трае уште и денес.

Синџирите кои се кинат, срцето кое се отвора за никогош дотогаш доживеаната радост, која го прима Христос и оние кои се Христови. Тоа е допирот на Светиот Дух, протогонистот посланието на Црквата, кој делува преку евангелизаторите – рече папата Фрањо во катехезата на Генералната аудиенција во среда 30 окотмври 2019 година, одржана на плоштадот Свети Петар, вдахновувајќи се од делот од Делата на Светите Апостоли, во кое се зборува за доаѓањето на светите Павле и Сила во Македонија.

Папата Фрањо ја посети Македонија во мај оваа година, затоа на аудиенцијата со голема наклонетост се присети на патувањето во таа земја, затоа што го прими многу тополо и со вера. Таму започнува процесот на инкултурацијата во Европа, која трае уште и денес – рече папата Фрањо.

Светиот Дух го покажува патот кој треба да се следи

За да би зборувал за престојот на Павле во Македонија, папата потсети на три настани: Евангелизација и крштението на продавачката Лидија и нејзиното семејство; затворањето на Павле, заедно со Сила, откако го истера гледачкиот дух од една робинка, преку која нејзините господари се збогатувале, и на крајот преобраќањето и крштението на нивниот затворски стражар и неговото семејство. Читајќи ги Делата на Светити Апостлои се гледа дека Светиот Дух е протогонист на посланието на Црквата; Тој го води одењето на евангелизаторите, покажувајќи им го патот по кој треба да одат – рече Светиот Отец.

Отвореното срце на Лидија

Говорејќи за преобраќањето на продавачката на црвени ткаенини, Лидија, која поверува на зборовите на Павле, Папата се осврна на силата на Светиот Дух, кој преобразува сѐ. Лидија, имено го прима Христос, го прима крштението заедно со своето семејство и ги прима оние кои се Христови, примајќи го во својот дом. Тука имаме сведоштво за доаѓањето на христијанството во Европа, тоа е почетокот на инкултурацијата која трае и денес. Влезе во Македонија – напомена Папата.

Од утеха до тага

Говорејќи за оздравувањето на гатачката, Папата напомена дека нејзиното оздравување ги чинеше Павле и Сила затвор, затоа што ги пријавија за јавен неред. После топлиот прием кој го почуствуваа во домот на Лидија, Павле и Сила мора да се соочат со грубоста на затворот. Преминуваат од утехата на тоа преобраќање, кон тагата на затворот – објасни Папата. Потсетувајќи дека господарите на таа жена со неа многу заработувале затоа што гатала за иднината и читала од дланка и за тоа луѓето ѝ плаќале, Папата додаде дека и денес има многу такви кои плаќаат за такви работи.

Сјајот на Христовото светло

Меѓутоа, Павле и Сила ја избираат молитвата како одговор на апсењето и затвoрањето. Во затворот немало јадикување, туку само пофалба кон Бог. Пофалбата ги ослободува, се потресува земјата, се отвораат сите врати, се кинат синџирите и се случува чудо со стражарот кој, верувајќи дека затворениците побегнале сакал да се убие. Во тој момент на разочарување се појавува Христовото светло кое спасува. Во среде ноќ, стражарот ги зема, им ги чисти раните и веднаш се покрсти.

Во таа ноќ на безимениот стражар, блеска Христовото светло и ја победува темнината. Паѓаат синџирите на срцето, а во него и неговото семејство се раѓа радост, која никогаш ја немаа дотогаш доживеано. Така Светиот Дух го извршува посланието; од почетокот, од Педесетница и понатаму, Тој е протогонист на посланието. И нѐ води напред, сака да бидеме верни на повикот на кој нѐ поттикнува Духот. И како би го носеле Евангелието – истакна Папата и се помоли -  Светиот Дух да ни подари отворено срце, чувствително на Бог и пресретливо кон браќата, и отвореност на срцето како тоа на стражарот, кој дозволи да го допре Светиот Дух.

Заедништвото на светците

Поздравувајќи ги присутните, после катехезата, на италијански јазик, Папата ги повика сите да молат Бројаница, за крајот од маријанскиот месец. Обраќајќи се потоа на полските поклоници, ги спомена Сите Светии и Задушницата, цитирајќи зборови од свети Иван Павле II, преку кој нѐ повикува во тие денови да го упатиме погледот кон небото, целта на нашето земско ходочастие. Таму нѐ чека радносно заедништво со светците. Таму повторно ќе се сретнеме со своите сакани покојни. Да го живееме таинството на заедништво на светците преку надежта која извира од воскресението на нашиот Господ Исус Христос – поттикна на крајот папата Фрањо.

31 октомври 2019, 22:30