Пребарување

Папата за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар Папата за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар 

Папата Фрањо: Светиот Дух е протогонист на евангелизацијата

Во катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 2 Окотмври 2019 година, Папата се осврна на делот од Делата на светите Апостоли, каде се зборува за средбата на Филип со Етиопјанинот.

Во катехезата за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, на 2 Октомври, папата Фрањо се фокусираше на делот од Делата на светите Апостоли, каде се зборува дека по мачеништвото на свети Стефан се подигнало насилно прогонство против Црквата во Ерусалим. Многу христијани се распрснале по други места во Галилеја и Самарија. Во Делата на светите Апостоли прогонството се појавува како трајна состојба на животот на учениците, но планот за евангелизација не се гаси – рече Папата и истакна: Напротив прогонството уште повеќе го поддржува. Во тој историски период се вклучува нова етапа од патувањето на Евангелието. Ѓаконот Филип започнал да го евангелизира градот Самарија.

А Филип слезе во еден самариски град и таму им благовестеше за Христа. Народот еднодушно внимаваше на тоа, што зборуваше Филип, слушајќи и гледајќи ги чудата што ги вршеше тој; оти со голем вик излегуваа нечисти духови од оние, во кои се наоѓаа, и мнозина фатени и хроми оздравуваа. И голема радост се јави во тој град. (Дела 8,5-8) – цитираше Светиот Отец и протолкува: Во Самарија ѓаконот Филип сретнал странец кој имал отворено срце за Бог. Тој бил моќен човек, евнух, висок службеник на етиопската царица кој го читал свитокот од пророкот Исаија. Му рекол на Филип дека му треба некој кој ќе му помогне за да го разбере Словото Божјо.

Тој дијалог помеѓу Филип и Етиопјанинот поттикнува да размислуваме за фактот дека не е доволно да се чита Светото Писмо, потребно е да се сфати смислата, „да се најде сокот под кората на стеблото“ и да се црпи од Светиот Дух, кој го вдахновува Писмото – рече папата Фрањо и потсети: Почесниот Папа Бенедикт XVI на почетокот на Синодата за Словото Божјо рече дека егзегезата, вистинското читање на Светото Писмо не е само книжевен феномен, туку движење на сопствениот живот. Да се влезе во Божјото Слово значи да се биде подготвен да се излезе од своите ограничувања за да го сретнеме Бог и да се сообразиме со Христос Кој е живото Слово на Отецот.

По средбата со Филип, Етиопјанинот конечно го разбрал текстот кој го читал; препознал дека тој понизен страдалник кој страда е токму Христос кој Филип и целата Црква го навестуваат. Барал крштение и ја исповеда верата во Господ Исус. Но кој го поттикнал Филип да оди во пустината за да се сретне со тој човек? – праша Папата и истакна: Тоа е Светиот Дух, протагонист на евангелизацијата.  Да евангелизираш значи да се препуштиш на Светиот Дух затоа што Он е тој кој со сведоштвото, мачеништвото и зборовите поттикнува на навестување.

Нека Светиот Дух се погрижи за крстените мажи и жени кои ќе го навестуваат Евангелието да ги привлечат другите, не за себе, туку за Христос; Кој ќе знае да направи простор за Божјото делување и кој ќе знае другите да ги направи слободни и одговорни пред Господ – заврши Светиот Отец.

03 октомври 2019, 16:26