Пребарување

Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда, 23 октомври 2019 година Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда, 23 октомври 2019 година 

Генерална аудиенција: Црквата не е тврдина, туку шатор кој ги прифаќа сите

Црквата не е тврдина, туку шатор кој може да го прошири својот простор и да овозможи пристап на сите - рече папата Фрањо во катехезата на 23 октомври 2019 година за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар.

Продолжувајќи со серијата катехези за Делата на светите апостоли и патувањето на Словото Божјо низ светот кое започна по силното прогонство, Папата рече дека прогоните не само што не го запреле патувањето на Словото Божјо, туку му овоможиле да се прошири и да патува низ нови патишта. Поточно, христијаните морале да бегаат, а тие избегале со Словото Божјо и полека го распрнале насекаде.

Од Делата на светите апостоли произлегува карактерот на Црквата, која не е тврдина, туку шатор кој може да го прошири својот простор, како би можеле сите да влезат во него – рече Светиот Отец и истакна: Црква е она која излегува или не е Црква; таа е на пат и секогаш се шири или не е Црква. Станува збор за Црква која секогаш има отворена врата. Затворената врата во христијанскиот јазик и не само во него, никогаш не е добар знак, затоа е добро да се избегнува ладноста и отфрлањето кои го создаваат.

Кога гледам некоја Цкрва, во овој град или во друга бискупија, од каде што доаѓам, со затворени врати тоа е лош знак – рече папата Фрањо и напомена: Црквите мора секогаш да имаат отворени врати, затоа што тоа е знак што ја прави да биде Црква: Секогаш отворена. Црквата е повикана секогаш да биде дом на Отецоот. Така, ако некој сака да го следи вдахновението на Духот и се приближува барајќи го Бог, нема да наиде на ладноста на затворените врати.

Поаѓајќи од Антиохија, центарот на мисионерското делување, Павле и Варнава, пратени од Светиот Дух, минувале низ разни места – рече Папата и продолжи: И Евангелието по прв пат пристигнало до паганските подрачја. Тоа било голема новост, која покренала бурна расправа, така што Евреите ја истакнувале потребата од обрезание заради спасението. За да се реши тоа прашање Павле и Варнава во Ерусалим свикале собор на апостолите и старешините. Тоа се смета за прв собор во историјата на Црквата, чија задача била да се расветли многу чувствително теолошко, духовно и дисциплинско прашање, односно односот помеѓу верата во Христос и извршувањето на Мојсиевиот закон.

Говорите на Петар и Јаков, столбовите на мајката Црква, за време на соборот биле одлучувачки – рече Папата и додаде: Тие двајцата повикаа да не им се наметнува обрезанието на паганите, туку само да го отфрлат идолопоклонството и сите негови изрази. Од расправата произлезе заеднички пат, и таа одлука е потврдена со таканаречно апостолско писмо, кое го пратија во Антиохија. Продолжувајќи да зборува за соборот во Ерусалим, Папата ја истакна суштината на синодалноста, истата која сега синодалните оци, додека уште учествуваат на синодата за Амазонија во Ватикан, може да ја искусат овие денови пред завршувањето на собранието.

Суштината на синодалноста нѐ потсетува дека црковната метода за решавање на судирите се темели на дијалог кој се состои од внимателно и трпеливо слушање за спроведеното расветлување во светло на Светиот Дух – рече Папата и објасни: Имено Светиот Дух е тој кој помага да се надмине затвореноста и напнатоста, и делува во срцата како преку вистината и доброто би постигнале единство. Овој текст ни помага да ја сфатиме синодалноста. Интересно е што апостолите пишуваат писмо: „Светиот Дух и ние сметаме дека...“, всушност тука е присутноста на Светиот Дух како знак на синодалноста. Напротив, без Светиот Дух нема синодалност, тогаш тоа е парламент, односно нешто друго.

Да го молиме Господ во сите христијани, посебно кај епископите и свештениците да ја зајакне желбата и одговорноста за заедништво. Нека ни помогне да го живееме дијалогот, слушањето и средбата со браќата во вера и со оние кои се далеку, како би ја искусиле и покажале плодноста на Црквата која во секое време е повикана да биде радосна мајка на многу деца – рече Папата.

После катехезата, поздравувајќи ги сите верници и поклоници, Светиот Отец посебно ги поздрави поклониците од Полска, и се обрати на организаторите на изложбата која е отворена на Папскиот универзитет Грегоријана, а посветена на кардинал Адам Козловиецки. За време на Втората светска војна бил затвореник во концентрациониот логор Аушвиц и Дахау. Подоцна, повеќе од 60 години бил мисонер во Замбија. Храбро го навестваул Евангелието, без страв се борел за достинството и правата на африканските народи и се ангажирал за изградба на цркви, училишта, болници и домови за страи лица. Делото на тој неуморен полски евангелизатор нека ги отвори нашите срца за потребите на браќата кои живеат во мисиските земји – рече на крајот папата Фрањо.

24 октомври 2019, 14:24