Пребарување

Vatican News
Џанлука Гаузи Броколети нов командант на Ватиканската жандармерија Џанлука Гаузи Броколети нов командант на Ватиканската жандармерија 

Џанлука Гаузи Броколети е назначен за нов командант на Ватиканската жандармерија

Папата Фрањо го назначи новиот командант на ватиканската жандармерија

Папата Фрањо, на 15 Октомври 2019 година го назначи новиот командант на ватиканската жандармерија. Доменико Џијани, поранешниот командант вчера поднесе оставка, а го наследи 45-годишниот Џанлука Гаузи Броколети, кој е во ватиканската жандармерија од 1995 година, а од 2018 година е заменик командант. Тој го придружуваше Папата на неколку Апостолски патувања во странство. Светиот Отец го назначи за нов директор на Секторот за државна безбедност и цивилна заштита на Ватикан и командант на жандармеријата.

Од 1999 година, тој е одговорен за проектирање и развој на интернетската безбедност на технологија во државата Ватикан и за компјутерската безбедност. Во „Оперативен центар за безбедност“ е преместен во 2010 година, каде постепено напредува во одговорностите, сè додека не стана шеф на Центарот во 2017 година, а потоа и заменик директор и командант во 2018 година. Во текот на својата работа, тој воспостави доверливи односи со неколку специјални секретаријати на Светиот Отец, како што се највисоките власти и на Државната управа и Државниот секретаријат, за каде е потребна способност и стручност за доверливите истраги.

15 октомври 2019, 16:50